Детската виолина собира многу роса отшто никогаш не се знаело кога ќе ожеднат багремите што дедовците ги саделе да расцутат баш во музиката на внуците некаде многу далеку, отаде времето.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
- Арно си ги садел дедо Иван компирите, - му вели Пискулиев на Ордета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Стојче, како велиш ти, се мислам одамна дали да ги садам поначесто, ама пак ме фаќа страв.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Јона, Јона, не е доволно само да ја слушнеш мојата заповед туку и да сакаш да ја споделиш љубовта зашто без љубов на оној што ги сади стеблата - не траат...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
- Стеблата, Господи, што им ги посадив бујно заврзаа но за час изгореа...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- На нашата ливада ги има како да сме ги саделе! - рече Кирил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Боцките околу устата наутро му биле остри и можело да се поверува дека нечија рака кришум му ги сади на лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истоштениот чувствувал на овој пат дека видовитоста не му е туѓа, дека за чудовиштето што ги следело ноќе знае повеќе од другите. Ја нишал главата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Дедо, бабо, погледнете! Таму ги садевме дрвцата!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А џунџулињата ние ги садевме. Не бараат специјална почва. Таму, од оние купишта зедовме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Еј, немој таму! Таму е змијарник! нели така ме опомена?“ ѝ зборуваше Влатко на Нина и ѝ помагаше да ги сади хризантемите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Со детска љубов и занес ги садат и ги одржуваат, ама поради летни горештини речиси една третина се сушат.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
“ „Кога ќе ги садиме?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Знаете, овие борчиња ги саделе кога баба ми била ученичка“, рече Јасна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Како раката од господ да ги садела, рече Велика, сигурно сте родени пролеќе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)