ги (зам.) - скокотка (гл.)

Униформата му тежеше на рамениците, тротоарот му ги скокоткаше табаните, дури и отворањето и затворањето на шаката му претставуваше напор од кој крцкаат зглобовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Пластична поезија“ Возач на црвен автобус БУМ! и ги снема вашите евтини мисли, вашите подли замисли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Редици црни скелети чекаат погрдни клевети, пред вратите преполни ги скокотка гладта на ѓаволовите усни вековни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Крај езерскиот брег, младите охридски мајки не ги скокоткаат весело своите бебулиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бебулињата со време да сфатат дека езерото е неспоредливо поубаво од стварноста и дека неговите бистри води се посилни од заборавот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Трчавме. Асфалтот, пријатно топол, ми ги скокоткаше босите стапала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ги скокотка нешто, ги тера на смеење, ама не можат да се насмеат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурно ги скокотка водата и грагорат штом толку скокаат војниците на песокта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)