На Толета му стана јасно дека клепалото не ги вика побожните христијани да се молат, ами Челебијата ги скорива своите работници да станат што порано за да му извадат на Ал-Шариовци што повеќе злато од тунелите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некои останаа да лежат, ништо не ги скорева.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)