ги (зам.) - смилостиви (гл.)

За тоа време, пак, додека чекаше да види што ќе сторат сега Турците, старецот загрижено се прашуваше дали му успеа планот, дали успеа да ги смилостиви со тоа што ги дочека со добре дојдовте, со леб и сол, и потем, оти тие не нападнале првин таму, на Имотот, кога веќе тој прв им се испречуваше на патот, туку дојавале овдека, во Дупка?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)