ги (зам.) - смисли (гл.)

Можеби токму ваквите размиси ја поттикнаа кај него желбата да ги смисли оние неколку реченици што требаше да се престорат писмо...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа инстинктивна трка до дното, тој импулс да се идентификува со скандалозно срамотното и со гротескното, може да објасни зошто, како што понекогаш се жалат феминистките и како што веќе видовме, кампот особено ужива и систематски ги експлоатира најабјектните, најпретераните, најнедостоинствените верзии на женственоста што може да ги смисли една мизогина култура.201 Во една таква култура, дури и гламурозните жени имаат во себе нешто карикатурално.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Несреќниот Генерал веројатно сите нешта добро ги смислил и испланирал, се осигурал со убава поткрепа за во туѓина, само што не се обидел да му наѕирне во умот на својот ординарец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сите планови што беше ги смислил последниве денови ќе паднат во вода само ако Арсо ги скине конците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека вечеравме, раскажував. - Мамо, - ѝ реков, - што имам една случка да ти раскажам, вреди да ја ставиш во романот повеќе од сите што досега си ги смислила, само да знаеш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Катер гротескно го полни текстот со сите можни знаци и белези на гејството што може да ги смисли – освен со хомосексуална желба.240 Нејзиниот раскажувач вака го опишува Пол: Алиштата му беа малку прераснати, а мркото кадифе на јаката од раскопчаниот мантил му беше изабено и лито; но и покрај сѐ, имаше во него некоја гиздавост, па на црната убаво врзана вратоврска си носеше опална игла, а на реверот црвен каранфил...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Генеричката разлика што ја прави подлогата на оваа културна бинарност, значи, постои веќе подолго време. ‌Насловниот лик во „Случајот на Пол“ од Вила Катер (1905) во себе го втелесува сиот спектар на машкиот геј- сензибилитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си помислив, зарем покрај толкуте луди забави и другите настани што ги смислија електронските забавувачи за да ни ги приближат благодетите на техничките иновации, сѐ уште постојат пребарувачи и на одживеаните литературни куриозитети?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)