ги (зам.) - сопре (гл.)

Дуќаните во чаришијата, колку и да биле урнувани, палени, ограбувани во текот на војните, земјотресите и пожарите, тие секогаш, изникнувале на старото место, немало сила што можела да ги сопре здружените еснафи да ја продолжат работата!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, како млад внесен репортер во својата работа, постојано запираше и нешто бележеше во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Скриена зад неговиот грб и самата не можеше да ги сопре солзите, кои се заезеруваа на крајот од долгите трепки, готови да капнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За такви, кои ќе ги сопрат ако грешат, ќе ги поттикнат ако врват по добар пат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, средба со Французинката немаше како за инает.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Трите тетки како да пловеа секаде низ дневниот простор и немав начин да ги сопрам, а покрај тоа, како воопшто и да не ме забележуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите разбудени одеднаш. Не можеш да ги сопреш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само за миг ја видов нашата кола, сестра ми го фатила патот зад куќи, не можела тука коњите да ги сопре, а тие преку ѕидот, имаше едно метро височина, рипнале и среде двор застанаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не можев да ги сопрам солзите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)