Сите знаеја дека таа им е наменета на Турците: христијаните, за да ги сочуваат од грабнување, на женските деца им ги огрубувале лицата, на машките им извртуваат нога или рака, и такви, огрубени, ги чуваа покрај себе и ги имаа на душа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но притоа бараме и ќе бараме од Неговото правителство цел ред реформи, кои ќе ни ги сочуваат најглавните интереси на нашето национално и културно развивање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Низ историјата, тие не потклекнаа пред ниедно ропство, не паѓаа во депресија, а згора на тоа умееја да ги сочуваат македонските традиции, обичаи, верни беа на македонската носија, при тоа цело време го говореа македонскиот јазик!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Инаку, Клемперер, филолог и професор по француска книжевност кој за време Хитлерова Германија преживеал само поради ариевската припадност на неговата жена, бил унижуван, ставан во изолација, имал и забрана да се бави со професорска пракса, но сепак, успеал да ги сочува своите филозофски записи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Околу него се стегаше обрач на прашања без ред: кој се бореше во војната со митралез, кој ги сочува шумите, кој донесе трактор во задругата ( сега нема трага ни од тракторот ни од задругата), кој држеше предпразнични говори и кого го слушаа луѓето?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Секако, сите беа доволно љубезни да ми ги сочуваат тие броеви.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сме произвеле многу малку софтвер, за да им помогнеме на нашите деца да ги употребуваат тие моќни инструменти. 80 Margina #17-18 [1995] | okno.mk u Но, не ли му успеа на Нинтендо да си ги сочува правата, да спречи куп американски претпријатија да изработуваат софтвер за него?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но, за да ги сочуваат природните наоѓалишта, коишто ја ставаат во погон електросферата, ќе пристигнат на Пацифичкоит брег - од Сан Диего до Белви во државата Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Беше изморен, но и сега тој неизоставно ги сочува сите правила на играта.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И сѐ ми се причинува дека само заедно можам да ги сочувам...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кукулинците што останале не го прославиле својот мал и непознат народ над кого од стари времиња не легнала сенка на голема војна; тие, и многу такви пред нив; биле јунаци и плашливци на безброј мали војни што никој никогаш не ќе ги сочува преку мраморни паметници, за поколенијата; живееле, се биеле, умирале ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Умниците, а такви секогаш имало на светов, се запрложувале од жал над човекот што не умеел да го сфати животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рајнер ги отворил писмата кои ги сочувал татко му; од едно од нив дознал дека бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Започнал да ги бара оние кои го зачнале, а патот го довел до Виена, каде оние за кои долго верувал дека му се родители живееле во времето кога го посвоиле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Горе го чувам тој список, на катот. Во долапот. Во најгорнот дел. Под неговата Козачка капа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Знаеш, само ќе замижам и ги гледам тие пусти Козаци на нивните црни коњи. Слегуваат од Бело Брдо.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби сакал да ги сочува тие имиња барем за себеси.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Огнена вода со која каубојците ги замајувале Индијанците (за да си ги сочуваат скалповите).
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)