ги (зам.) - спасува (гл.)

Токму козите „јаничари” ги спасувале луѓето од „нивните јаничари”, создавани од големите империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека козјото млеку ќе ги спасува граѓаните од глад, идолозите на Партијата подготвуваа ликвидација на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќето од фотографиите изгледаат како несмасни, аматерски обиди, коишто понекогаш ги спасуваат ризичниот фокус и кадрирањето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но дури и посетителите коишто одлично го познаваат неговото дело и живот, наоѓаат дека инсталацијата е помалку okno.mk | Margina #15-16 [1995] 91 неразбирлива.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
— Другари, четници! — се провикна потем Пере. — Нашиов штаб, како што слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа јас останувам овде, во земјава наша, да го поделам злото со народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние не смееме да заборавиме дека нашите глави и понатаму ќе му требаат на овој народ и мораме некако да ги спасуваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жално квичејќи, животното не се обиде веќе да ги спасува децата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од Чикаго до Отава Мортенија ќе ја слават.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сега, по многу години, се најде со Климент Камилски, во необична мисија да ги спасуваат мајчините јазици од опасните османотурцизми?!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка речиси несвесно, несетум ја симна врската клучови од вратот, држејќи го во едното крило своето најмало чедо во студената ноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на селидбите дел од книгите на Сами му се загубија, но тој речниците секогаш ги спасуваше и им остана приврзан до крајот на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја одводнував земјата и ги спасував луѓето од маларија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му говорев за мојата мајка на која посветив еден цел роман, (објавен во циклусот во кој ќе се најде и романот Амбасади) со нејзиното име и презиме, која беше секогаш пред балканската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој малодушен лажно утешен рефрен има време, има време, згаснуваше времето на мојата мајка, времето кога таа веруваше дека имаше уште малку живот за да ги спасува животите на своите чеда Нејзината улога во пропишаната мисија беше уште потешка кога го загуби Татко, кој умееше да биде невидлива, но ефикасна брана на нашите амбиции, посебно на моите Во тие мигови на вознес мислев дека ја пишувам пресудната телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги спасуваше своите чеда од историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот тивко се ронеше крај татковите книги, со нови прамени бела коса, во таа голема семејна архива на нашиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури кадијата ги водеше овие операции за да ги покори овие села, Селим, Фазли и Даут ја прегазија Црна над Светецот, бидејќи мостот беше урнат од порано и со малку жртви ги нападија нагоре бунтовниците, кои, гледајќи ја големата сила, побрзаа да ја соопштат катастрофата по тие села и да ги спасуваат жените, децата и старците во честите гори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кој ќе ги спасува?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со овие книги, Мајка си ја збогатуваше и својата стратегија која ѝ била доверена од Бога дарејќи ѝ го животот за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка го повторуваше несвесно нејзиниот постојан рефрен дека Бог ја испратил во животот за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Самиот Бог, му велеше таа на Татко, сторил нејзе да ѝ оживее грчкиот, кога требаше да ги спасува своите чеда за време на грчко-италијанската војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекогаш, Мајка ја откривав и како осамен фрагмент во бескрајот на постоењето, водена од привлечната сила, од уверувањето дека била Божја посланичка со миси­ја­та во текот на животот, да ги спасува своите чеда од Бал­канот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На мигови, во тажаленка­та, му се обраќаше на Севишниот, да ѝ каже каде згрешила што повеќе не може да ги спасува своите чеда, а самата продолжува да живее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа, впрочем, не малку пати ни кажуваше, особено во пресудните мигови, оти севишниот ја испратил да си ги спасува чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка Ервехе се најде пред нови искушенија, како да го одржува семејството, како да си ги спасува децата, во мисијата за која, како што кажуваше, ја испратил Бог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но откако Мајка остана сама во Татковата библиотека, без да може да го споделува верувањето, таа ги очекуваше овие ретки миго­ви, со нас, децата, да ги коментира своите верски сознанија, верувајќи дека, и овој пат, е на својот вечен браник за да ги спасува нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веруваше дека некогашната мисија што ѝ ја беше доверил Бог, да си ги спасува децата, треба да се пренесува кон светот преку Татковите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И со тоа беше во сојуз со Бога за кој, како во рефрен, велеше дека тој ја испратил да си ги спасува чеда­та. И тоа ја правеше уште похрабра, правеше сѐ друго во светот да го смета за помалку значајно од една детска солза, какви било револуции, дури и татковини...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка требаше, и во мирот, кој траеше подолго од војната, да се бори со сите средства на својата тивка моќ за да истрае, за да си ги спасува своите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги ослободува, ги спасува од слепилото на умот... на душата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А сонуваше разни соништа: како куќата станува подвижна: ту се наоѓа в планина, ту се наоѓа в поле, ту со неа патуваат како да е на тркала, ту летаат по небото, ту пловат по езерото како да е брод; но бродот се дупнува, се полни вода и тие почнуваат да тонат; но писокот нејзин ги спасува од давење; се буди и гледа како Бандо во спиењето и ја ставил раката на грлото и ја притиска; од тоа таа не може да дише, здивот ѝ се зема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако некогаш мајка веруваше дека Боg ја пратил во животот да ги спасува своите чеда низ јазиците, татко требаше да ја доврши мисијата на спасот, низ егзил, но повторно низ јазиците.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Мајка ми, водена од инстинктот да се жртвува за својата рожба, раководена од стратешката визија на мојот татко во потрага по дефинитивна татковина, губејќи ја родната земја засекогаш, велеше дека Севишниот и го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За Мајка остануваше битно дека го извршува верувањето во Бога дека ја испратил во живот да ги спасува своите чеда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем тој не ја создал Мајка за да ги спасува своите чеда?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)