ги (зам.) - спомне (гл.)

Но штом татко ќе ги спомнеше козите, тој сиот ум го напрегнуваше да го разбере што подобро.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нив никој веќе не смееше да ги спомне, а камоли да ги чува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На Милан за малку ќе му се испуштеше да ги спомне четирите обезглавени птички, но навреме се сети дека Кети не знае за нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не сум сигурен со каква цел но иследникот повеќепати побара да ги повторам имињата на децата што ме исмејувале. (Се разбира сега веќе не стоеше кај прозорецот туку повторно се беше вратил кај бирото и сите имиња што ќе ги спомнев грижливо ги запишуваше).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Посакав да речам: Ете, олку од мене, свршеток на приказната, и ја кренав главата, погледнав кон Даскалов, сакав да го утврдам впечатокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Каква улога можеле да имаат тие военни времиња во создавањето на нови животи. Верувам дека имам право да прашам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа па тоа: „Кога било дојдено момчето? Дали дружело со некого? Со кого? За што зборувале?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај тешко е да се смисли некој опавдувачки изговор за она што се случувало", се трудев да објаснам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Интересен случај - не пропушти да прокоментира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, кога помислив дека косата и уште незнам што друго од моите сопствености сторија обид да ѝ се придружат на молњата, главата си ја пикнав во дланките а потоа главечкум отрчав до Пребег за да се напијам вода и да си го повратам во живот сувото грло, но таму ме пречека оној матнеж и лудување на водата, што веќе ги спомнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Останував со впечаток дека таа се плаши оти сакам да ја вратам во некој сокак од кој веќе беше излегла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев на оној среќник кој владее со умешноста другите да ги насмее...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но притоа напоменав дека не станува збор за пречки што со залет можат да се прескочат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до можните манипулации со моето име, го замолив да внимава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Соземи се, Даскалов” продолжува двојникот, “кога ги спомнав шегите не ги имав на ум немтурите, не мислев дури ни на поединците на кои им оди смеењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да имав малку повеќе храброст и да ги чував подотворени очите, мислам оти и вистински ќе ги видев криковите на птиците што ги спомнав, а и тоа приближување кон небото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа беа размислите што ми идеа пред да навратат момчињата од милицијата што веќе ги спомнав. А доаѓаа неколкупати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Помислив дека ги спомнавте воените времиња како пример за поинаквото однесување на мажот и жената?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само таму важеа правилата што ги спомнал Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но јас сум должен да ги спомнам забелешките што ги изнесоа моите правни служби при оценката на барањево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вака, само ми остана да си го замислувам необичното патување и да жалам", гласеше скржавиот завршеток на приказната на мајка ми за патувањето низ денот и ноќта кога тргнала да ја престигне својата најважна одлука во животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му укажав на Кожинката за можните компликации. Ги спомнав имињата на учесниците во можниов заговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А потоа, имаме потписи и од неколку партизански курири.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали момчето, откако е дојдено, се распрашувало за некои луѓе од градот?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А како се случи тоа да отпочне тој разговор помеѓу тебе и татко ти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Некако се смрачи хавајкава. Треба да пазам што зборам. Може има врска со тие војниците што ги спомна прееска.)
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Таа рече: „Ние сме три сестри – Ели, Вали и јас. Сите сме овде. Имавме и брат. Франц.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ја спомнав и сестра ми Ана, која веднаш по мажењето замина за Америка; ги спомнав и моите браќа, Зигмунд и Александар.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, кога веќе ги спомнав писателите, творците, сакам да кажам дека повод да го напишам овој текст ми даде интервјуто со уважениот професор Мухиќ што го гледав на една од локалните телевизии.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас и не би ги спомнал да не ме - присилевте?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, и покрај сѐ, сѐ уште не беше до крај сигурна како ќе реагира Никодин кога ќе му ги спомне овие две желби на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На книже се запишуваа само умрените за да ги спомне попот во молитвата на гробишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога Татко ги спомна сиџилите, тие за Камилски го означија времето на почетокот на нивното пријателство во Државниот архив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ниту Братството, ниту пак книгата беа теми што кој било обичен член на Партијата би ги спомнал ако имаше начин да го одбегне тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не се слагам со вас! Но, кога веќе ги спомнавте вкусовите, да не заборавам да ви кажам дека, најпосле, пред некој ден го слушав фамозниот Канцер-Канон од вашиот омилен уметник, Ј. С. Бах, и морам да признам дека ептен ми се допадна умешноста, дури и генијалноста, со која ги преплетува лицето и опачината на еден ист мотив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не, сè е во ред, но правилата што ги спомнав штотуку ги измислив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Средбиве што ќе ги спомнам сепак се случија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помеѓу другите дребулии што ги спомнав, мислам дека не заборавив на Катерина да ѝ порачам да наврати во нашата амбуланта по работното време, бидејќи ми се пожали дека е со впечаток оти насекаде по телото ѝ шетаат стоногалки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа не забораваше да ги спомне и паралелните времиња, па оттука и нејзините уверувања дека оддалечувањата што можат да се случат биле само привиди и ништо повеќе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ѝ реков дека веројатно настинала.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако немам цврсти докази за тоа како се случуваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Како пример ќе ги спомнам пиците што ги прави моја Ана. Тие и вистински потсетуваат на неа!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, ги спомна пред руменото Розе и народните пари, што понекогаш му идеа на ум а коишто од одредени причини сѐ почесто ги сврзуваше со успешната кариера на Каламатија и неговото големо богатство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако ме прашаше уште вчера како би го поднела евентуалното негово заминување веројатно не ќе ги спомнев зборовите: потиштеност, тага, или нешто слично.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Прашуваш чии имиња спомнав? - му дофрли, но овојпат уште потихо, со одмазничката желба ништо да не слушне: - Ги спомнав имињата на оние од дворот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Далу некој утре или друг ден ќе ги спомне и ќе побара нивните коски или ќе ги изброи безимените гробови?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, и тоа му е еден од гревоите што не ги спомнав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, тоа се случи оној ден, кога му ги спомнав трубите што ми беа ноќевале цела ноќ во ушите, а тој вели, „Ништо случајно, можеби војните и не завршиле.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш и на дедо ти му ги спомнав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А, марките што ги спомнавме, не се поштенски, туку германски пари, исто како што зелените хартии се американски долари.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)