Паун Радевски само го преграбува шишето и ги стеснува зацрвенетите очиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еда ми помина, вели Давиде Недолетниот и си заминува. Мирче гледа по него и ја подгризува устата, го собира носот, ги стеснува очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мракот ги стеснуваше улиците. Од отворените прозорци на еднокатниците јасно се слушаше дишењето на луѓето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Конструктивизмот не ѝ обрнува und Institution. Uber ethnischen und доволно внимание на димензијата на сеќавањето, politischen Ethnos” во: Anderssein, како и на начините на коишто колективното ein Menscenrecht; Hilmar Hoffman помнење ги стеснува опциите на идентитетот und Dieter Kramer, Weinhem: Beltz/ правејќи ги едните повеќе веродостојни или дури Athenaum, 1995. повеќе нужни од други.* Ја застапувам тезата дека политиките на идентитет / диференција се обележани со парадоксот дека сакаат да ја сочуваат чистотата на нечистото, непроменливоста на историското и фундаменталноста на контингентното.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Изгледаше дека сè пониско се спуштаат, ги стеснуваат круговите на своето облетување, се закануваат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)