А и времето ги отепа. Лапавицата речиси на целиот пат им беше другар, та им ги стопи и последните сили.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Повторно ги повика маскираните. Овој пат ги стопи во гејши со набелени лица, врамени во тешки облеки.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А ако в туѓина останеш и таму завршиш, коските никогаш не ќе ти ги стопи туѓата земја и од нив душата не ќе го најде излезот небески...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Овде сум да ги стопам сите мразови. Да ги разгорам сите огнови, да ги смирам сите олуи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Имаше наши измамени на патот на јагулите, останати довек в туѓина, со аманети и последни пари да се испратат по смртта коските во родната земја, верувајќи дека само таа може да ги прими и да им даде спокој, да ги стопи во дното на копното, како јагулите во дното на океанот.“
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Највлијателниот зачетник на теориите на новата италијанска десница, Јулиус Евола, ги стопи Светиот грал и Протоколите на сионските мудреци, алхемијата со Светото римско и со германското царство.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)