Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лествичникот ништо не сфаќаше од тие наши погледи, но се вцрви од разлози што подоцна ги узнав, оти не знаеше зошто ја спомнувам последната реченица на татко му, а не сакаше ништо од татко му на друг да даде, да дозволи да се служи некој со татковината негова земна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа се работите што ги узна од нас градскиот човек. Ништо повеќе и ништо помалку.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)