ги (зам.) - уништи (гл.)

Козите ги уништуваат социјалистичките добра: горите, шумите. Затоа треба сите здружено да ги уништиме...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партијата се обидела да ги уништи козите, но козарите не попуштиле, предводени од харизматичниот храбар козар Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На заканите и принудата ќе одговори тивката решеност на оние кои со векови ги хранеле предците на оние кои сакаат да ги уништат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но не ги уништија сите кози, ниту ги имаа сите под евиденција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Flagellum Dei, Јас, Атила, Малиот татко на Хуните, дојдов да ги растресам сите народи, да ги бичувам сите земји и сите мориња и брегови, да ги спепелам сите градови, да ги разурнам сите мостови, да ги уништам сите семиња и плодови, да ги убијам сите жени - од мојата Ата почнувајќи...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во телеграмата меѓу другото се истакнувало: “во врска со општиот сојузнички план НОВ и ПОЈ добија задача да ги уништат комуникациите во југословенската воена зона и на тој начин д го оневозможат маневрирањето на окупаторските сили особено во периодот од 1 до 7 повторувам од 1 до 7 септември.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Ова е вечер за паметење. - Комунистите мора да ги уништиме.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Но како? Кој може да ги уништи кога никој не допрел до нивните гнезда? - се чудеше Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ова попладне му ги уништи сите негови изградени значења и вредности и фрли покрив од сивило над сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Трагичната мудрост подразбира негово отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наредниот ден Атина и се закани на Тирана дека доколку Албанија на своја територија ќе ги чува бандитите кои грчката национална армија не успеа да ги уништи на Грамос, ќе и објави војна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Барала начин како да ги уништи псалмите, а со тоа и јазикот на кој требало да бидат напишани.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како оној што го убивал да сакал да ги уништи со него или во него сите виновници за тоа страшно пладне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој некој во него ги примал движењата и настаните со негови сетила: видел уште тројца или четворица мртовци, меѓу нив еден свој, премолчаливиот Куно Бунгур, без проштален поглед, со очи скриени под крвава коса и со многу рани по вратот и по рамениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Долго по него, тука наоколу, се расфрлаа неговите коски, но и нив земјата, невремето, ѕверовите и последната Голема војна сосема ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Буицата, покрај тврдината, ги уништила и ковачките, валавничарските и кожарските работилници подигнати на бреговите на долот, по оттука и името на средниот дел на Голема Вода, на оној од газилото па до долниот раб на шумата на Градишки Рид: Коачки Дол, Кочов Дол, односно Ковачки, односно Ковачов Дол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поради него, поради Акиноскиот што молел тука, кладенецот го завикале, а и ден-денеска така го викаат, Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Вуковар, откако пред тоа ги уништи градот и луѓето, федералната војска краде од продавниците пони-велосипеди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уверувањата на Бендоу во врска со можноста за зголемување на наркоманијата меѓу малолетниците се исто така неубедливи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние би можеле да ја забраниме продажбата на дрога со помош - на автомати, но ни малолет­ниците не набавуваат алкохол од автомати, што сепак не го спречи преголемиот број на деца да дојдат до алкохол во количини доволни да ги уништат и своите и туѓите животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие се задоволуваат со тоа да лутаат по електронските патеки на киберспејсот и да влегуваат во системите по ќеф. На киберпанкерите „не им е незгодно“ да ги уништат или искористат информациите што ги наоѓаат. Презриви потомци на хакерите, тие сметаат дека девизата на постарите „Гледај но не допирај” е чиста глупост. „Една од работите која нѐ разликува од хакерите е нивното верување дека „информациите се моќ“. Ние велиме „Моќта е моќ“, вели Св.Витус.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе доаѓаме секој ден сѐ додека не ги уништиме, така рече Веселин, секој ден ќе доаѓаме да ги искорнеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледано наназад, никакво логично и македонско име на ова место, не оставило трага во просторот за сеќавање и покрај честотата на моите патувања: „Да не е ова масло на озлогласената глобализација и нејзините заканувања да ги уништи обележјата и историјата на малите народи?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И нив треба да ги уништи „надрасата“, „наднацијата“.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пак му наредија на учителот да ги уништи, но тој не сакаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му наредија на учителот да ги уништи, но тој не сакаше; им велеше да се стрпат малку, да почекаат, да се види дали ќе се смират.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Според легендата која потем се создаваше, откако режимот, и по сите рации, потпомогнат со полициски сили од северната братска федеративна република, не успеа да ги пронајде и да ги уништи овие кози, тие за нас навистина останаа неуништливи, а со нив и нашите три славни кози: Сталинка, на која и по падот на сталинизмот кај нас не ѝ го променивме името, потоа Грда и Слободанка, како да одлетаа кон небото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во 1802 година доживеал голем пожар кој ги уништил манастирските конаци, манастирската библиотека со драгоцени книги, просториите за препишувачка и печатарска дејност.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во кочините започнаа да му се котат глувци гризејќи го салото од свињите и селаните ги уништија запалувајќи ги и кочините и свињите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можеше да ги уништи кулите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе го пронајдам, размислуваше, и ќе го уништам, сите нив ќе ги уништам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ни рекоа: само да се смири малку, да ги отфрлат владините војски некаде таму, кон Олимп, да ин ги уништат аеродромите и авионите, та потоа ќе се вратиме дома, ќе учиме нема да се криеме по шумите, да спиеме под голо небо или во пештери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Само толку. До колку ти го откријам она другото што доаѓа по ова, ќе морам да ги уништам соништата!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сметаше дека нивна крајна цел беше да ги уништат природните јазици со вековна еволуција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Надвор ќотекот, понижувањето, стравот... И празниците ни ги уништија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Грчките фактори пред Цариград и пред Европа се претставувале како носители на мирот, а за оние што ја имале смелоста да се дигнат во името на слободата и на човечкото достоинство барале од султанот физички да ги уништи, а од големите сили да покажат разбирање за ваквиот грчки став.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па јасно, зашто можат кога сакаат да ги уништат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)