— Ете, такви сакат царката наш! — ги фали Чатлакот доброплатците и им го дава ќесето со „биринџи" канатларски тутун да направат по некоја и друга цигара.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Тие, пролетерите, што ги фалиш, кои си имаат само две силни раце и ништо повеќе и за кои велиш дека се големи борци, зошто ли ги нема таквите меѓу нас, а тука сме само ние селаните?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И не какви било, а учени, умни и почитувани... - долго ги фалеше стројничката Мискарица момата и нејзината фамилија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Cabala simplex” Јохан Кристоф Манлинг, книжевниот теоретичар на втората шлеска поетска школа, во својот Европски Хеликон ги фали "кабалистичките мајстории".
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А ти, со твојот немирен дух, дегустираше вина, се интересираше за многу работи, разговараше со вработените во винариите, им наоѓаше замерки, ги фалеше нивните вина…, сè по ред, ти којшто беше толку интелегентен, начитан и имаше познавања од многу области.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Што му е на брат ти, ми изгледа нерасположен? – праша.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа понекогаш многу се гордее со своите текстови, а и брат ми и татко ми ѝ ги фалат, но што можам, не се за мене, или јас не сум за нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Најглупаво од сè ми беше што професорот по цртање ги фалеше тие на кои им ги дотерував цртежите и говореше пушкаво, без смисла: - Сјајно, момче!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Очекувајќи ја, Јехуда мислеше на неа и времето во работа му минуваше неосетно, сè додека, стоејќи во прикрајок од неговиот дуќан да излезе понекој задоцнет муштерија, Алгра не се појавеше на вратата од неговиот дуќан и не му ја положеше главата на градите, симнувајќи му го кројачкото метро од вратот со едно долго повлекување. Така од квечерина на квечерина Алега и Јехуда сè потешко се разделуваа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ми треба некоја пара за мастраф на куќата; нема од друго место од каде да се фати – им велеше Даут на колегите и ги фалеше воловите: – Не се волови – ангели, што ги викаат каурите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ако не трчаат заедно со сите, тие им се потребаната публика на оние кои вистински живеат: или ги опслужуваат, или ги фалат, озборуваат, се занимаваат со туѓи животи наместо да го чувствуваат својот живот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Добро работевте есеноска“, ги фалеше чичко Темелко, „ја исчистивте почвата, нема камења.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)