10. И малите деца знаат дека се сонува и на исток и на запад И дека тие соништа напати галежно се допираат И си шепотат нешто што нема никаква врска со јавето Оти во јавето нема источно-западни галежни допири Има купишта лажни насмевки на недоветни главатари Заскитани и којзнае како стасани на врвоите на власта Лебдечки главатари со прилично празни глави Кои служат како очевидна потврда Дека некој може да стаса на врвот без да се искачува Главатари тапкароши на евтини прирачници по светска демократија Главатари кои се најочигледен историски доказ Дека она што поминало не се враќа Зашто ако беше поинаку сетики ќе се најдеше некој Кој барем од далеку ќе заличеше на Рузвелт Черчил или Сталин А зошто не на Тито или Де Гол Море викајте вие што сакате Ама ќе да беше во право оној Маркс од пабот Спанниардс Инн во Лондон Кога еднаш рече дека историјата се повторувала како фарса И викајте вие што сакате Ама од секој руски и американски вселенски брод Со голо око може да се види дека источните сонови Некако поинаку лебдат од западните За кои на исток велат дека емпириски утврдиле Дека воопшто немаат никаква сонувачка специфична тежина Толку што биле сурови реалисти западните сонувачи Источните сонувачи многу сакаат да си ги фарбаат соновите во разни бои И секој знае дека на најстраствените сонови им личи црвената боја
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Многу ме интересираше зошто најмалата клацкалка не беше сменета, па го прашав чичкото.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„А железово нема да го фарбаме?“ а другиот рече, „Е, сега, сите ако ги фарбаме до никаде нема да стигнеме“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)