ги (зам.) - цитира (гл.)

Татко често ги цитираше зборовите на Ататурк, кога требаше да се оправда некоја од неговите радикални мерки: Јас сум Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој дури и ги цитира зборовите на демонстрантите, кои извикувале: „Ние не сакаме да одиме на Берлин, сакаме да одиме на Солун“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Изворот нагласува дека според она што можел да го забележи од многубројните разговори со југословенските лидери, тие немале "намери да ја бараат Грчка Македонија", дури и нагласил дека "предметот во врска со грчките работи се избегнува во ретките уреднички коментари во југословенскиот печат".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Изворот, исто така, известува дека на 18 ноември во Битола биле обновени барањата на грчките Македонци за вклучување во Југославија, но биле отфрени од југословенските партизани со образложение дека тоа е деликатно дипломатско прашање во кое основно е да се соработува со СССР, Велика Британија и со САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Значи, зборовите Ritorna vincitor! веќе се многу оптоварени со драматична иронија во самиот текст на Вердиевата опера, а ирониите се умножуваат кога тие зборови ги цитираат и ги користат геј-мажи повеќе од еден век подоцна во контекст на некој локален натпревар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Цитатот имплицира, прво, меѓуродова идентификација од страна на геј-мажите, културен однос со женственоста – на барем толку укажуваат женственото кодирање на самата оперска форма и женскиот субјект на изговореното што авторот на известувањето во шкафчето и неговиот читател го цитираат како стомакозборци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“, а Аида ги следи како екот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во прочуената арија што следува, таа се грчи од ужас и од збунетост поради чувството што предмалку го изговорила, повторувајќи го, од јад и запрепастена, велепредавничкиот поздрав што му го рекла на својот љубовник и си ги коментира предавство на татковината и на татка си кое се подразбира, размислувајќи за растргнатоста меѓу еротската љубов и патриотската љубов, меѓу семејството и сопругот, меѓу должноста и желбата, па ги моли бозите да ѝ се смилуваат во таа нејзина гибелна и абјектна (несомнено и гламурозна) положба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По вечерата главна беше Мими: ги цитираше и стихотворбите, и четивата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)