Навлегоа како и кај Лесната, ведејќи ги главите, ама овде место чад од борината и оганот им замириса малку на газија, што требаше да значи дека во оваа куќа прескочила некоја капка од „светската култура".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сите изнастанаа и простум го поздравија новодојдениот, наведнувајќи ги главите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Милан можеше да види како мачорот скокна кон прозорецот извлекувајќи ги главите на пилињата како топчести плодови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потоа, доближувајќи ги главите, продолжија да пеат, сега заедно: И вечно така ќе другаруваме, денес ке продаваме, утре ќе купуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Зависи од тоа што сакаш да купиш, Барбут- бегуле. Познато ти е – продавам сѐ и сешто.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Има само подземни кралици“, ја поучивме Нора, „ова горе скоро и не постои“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Еве ви ја, ѕверови, пар полу-крвави парчиња (затоа што Нора знае да се чува, сепак!) од едно време ноќната кралица на овој наркотизиран-некротизиран (што од глупост што од друго) град, така да знаете, принцези, флуоресцентната техно- круна се тркала низ скопските канализации менувајќи ги главите на жабите, само треба да се најде, на Нора во меѓувреме ѝ пораснаа стапалата, ех.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Бузо и неговите панично се размрдаа покривајќи ги главите со раце, бегајќи и чувајќи се од камењата што неопределено и нерамномерно се разлетуваа ваму-таму.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Исправете ги главите и погледнете в очи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Сега, клајте си ги главите в скут и поштете се од гниди, вели Доксим Тренчески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)