Како би било да се запреме, си рече жената - и небото, и водите пред кои стоиме, и веселоста во детското око, и разгледницата од пред николку дена, со кејот на еден град и мостот, што лежи, толку природно во песокот, додека брановите шумолат, бришејќи ги игрите на нашите стопала по мокриот морски песок.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)