го (зам.) - бакнува (гл.)

— Толе! — Му се впи уште пострасно и почна да го бакнува по образите, челото, устата и каде стигна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Смрт или слобода, Толе. Тоа се бара од нас, — и почна да го удира по големите плеќи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— И не дочека Толе да си ја каже вистината дека, му се каснува и нему пиленце како што е таа, му се фрли на вратот и почна да го бакнува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Женските бакнежи го разнежија и неговото арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој. Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Солзи му навреа во очите и почна да го бакнува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сама го бакнуваше, посилно му се припиваше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Хрватскиот претседател носи бели сакоа како и Тито (убеден дека ги носи како Европа); им дели на децата праски од својата градина (Тито од своите градини им праќаше на југословенските деца кошнички со мандарини); го бакнува, го штипка за образите и го крева во вис (секако, пред телевизиските камери) секое дете што ќе му се најде на патот (и Тито со задоволство ги цмакаше децата).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да си замислиш еден прозорец И на прозорецот да си ја видиш сестричката Пладнето што те довикува за ручек, Да седнеш на трпеза покрај татко ти, Тој да го крши лебот и да го бакнува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ај, со здравје. Да не те вртиме оти Панде ќе се кара. (Го бакнува во челото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (го бакнува). Писма да ми праќаш, срце, понабрзо, мајка да не ми те дума.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Чекот го држи со двете раце и го бакнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го бакнува мажот ѝ пред спиење. Филмов тапа ко оние црно-белите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
АНТИЦА: (влегува радосна, со себе си), Од Илија рече! (го пушта силно светлото, го бакнува писмото како настрана од другарките и го чита за себе си, поправо го прелетува со очите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (ги зима чорапчињата и му ги дава на детето, а по тоа го бакнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Твоја Антица“. (Го бакнува писмото. Пауза. Наеднаш се исправа).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вака е полошо, кога ќе дознам нешто ново за неа, а баш сум почнала да танцувам со Луис Марија, сум почнала да го бакнувам, или сум само близу Луис Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што знаев јас за резили, ја следев како што можев, се сеќавам дека ја слушав придушено. Votre âme est un paysage choisi... но си ги гледав дланките низ клавишите и се чинеше дека добро свиреа, дека чесно ја следеа Нора.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Насмев нѐ разделува. Го бакнувам лачот небесен изгонет од рајот поради нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И снаата Трајаница се крсти и си го бакнува дрвеното крсте, врзано на усукана црвена и бела нишка, виснато на градите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Полека му се приближи, го гледаше, и најпосле го зеде в раце и почна да го бакнува непозната постара жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да го бакнува...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Една од најблиските го прегрнаа и му се обеси на вратот и почна да го бакнува; друга му ја симна чалмата и почна да му ја бушави косата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Потоа го прегрна Самоников и почна да го бакнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со родителите и баба му што постојано го бакнуваа, се збогува како во сон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Влегува Соња, со лесни, балетски, стилизирани движења. Го бакнува Бориса, му става венец од цвеќе околу вратот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ова се случи пред две недели за време на бурата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што си мислиш?“ прашува Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го бакнува на образот и му шепоти во увото, „Се викаш Лебед. Се викаш Мов. Се викаш Чао.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Скокав, се тркалав, го бакнував дедо ми, се превртував преку глава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почнав да го бакнувам на фотографијата и се расплакав. Многу ми недостигаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така ние двајцата си се галиме и се „лигавиме“, што би рекол брат ми, а уште ако е свежо бричен, па лицето му е мазно, уживам да го штипкам и да го бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тато, дали може да заборави македонски? – не издржав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеднаш се почуствував бескрајно осамена без него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)