Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
СУЉО АГА ИЗЛЕЗЕ од Прилеп, та не разбра што стана со неговиот кадија сношти. Го бодна својот коњ по битолско, леринско, воденско, солунско, серско џаде и дојде по две недели на Босфорот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)