Скриена под дебелите сенки на стариот орев, надвиснат над летниковецот, Јана со цигарче го густираше своето попладневно кафе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На платото сенишно Јас и твојата сенка го густираме кафето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сепак прво внимателно го подвлече текстот на мотото и потоа го затвори блокот, внимателно го турна настрана и се завали во удобната фотелја да го густира своето воздушесто самозадоволство. Потоа стана од масата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)