Кога нивните желби, квалитети, намери и верувања ќе бидат доволно елаборирани низ текстот, тие ќе се обединат во “определувања” кои го детерминираат посебните правци во животот - “животните стилови”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоционалната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Она што го покажував во текстот Модернитет и амбивалентност, но и во делото Навестувања на постмодернитетот, се состои во тоа дека постмодерните заедници им се послични на Кантовите естетички заедници отколку на Тениевата заедница која му претходи на изборот на секој нејзин член и го детерминира.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во ова ниво доминираат перцепциите, мислите, спекулациите, реализациите и заклучоците, и многу од нив се во однос со: (а) определувањето на желбите и на склоностите на ликовите, (б) идентификацијата на нивните лични квалитети и на карактеристиките на нивните односи (в) појаснувањето на нивните намери - на пример, нивните мотиви и нивната цел - и (г) определувањето на вредностите и верувањата на ликовите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Одбивајќи човекот да го одвојат од фактите што го детерминираат, трагајќи по вистината на неговото битие и по клучот за неговото однесување во силите кои - како јазикот, расата, историската традиција - управуваат со него а тој самиот за тоа и да не е свесен, тие утврдуваат дека Алзашаните зборуваат германски и дека културата им е германска.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)