На заминување, Псалтир Палигоров дискретно му рече на Татко, без да го слушнат другите, дека во Архивот добиле сигнал од Федерацијата, дека тој сигурно ќе го добие Орденот на трудот, вистина од последниот, трет ред, но, сепак, тоа ќе биде одликување што го доделува маршалот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Овој софтвер го вчитуваме во еден специјален компјутер што француската влада му го додели на Луј Бек. Така на екранот настануваат организми.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вели оти често ме следел, набљудувал и дека уште Долу сум му оставил впечаток и дека затоа ми го доделил ова подзатемнато, но не темно место, ова подосветлено, но не зрачно место. Орта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Значи, доколку Конференцијата имала намера Манастирот да ѝ го додели на Албанија, тоа децидно ќе го кажела Одлукава.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
5. Ми го доделија курирот Цветан од Мала Преспа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во меѓувреме, се смилувал и дедо ми и му го доделил и делот од имотот што му следуваше на татко ми (ниви, овци, кози и говеда)...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Да, само оној кој апсолутно верува дека и по смртта ќе постои може со таква надменост да им говори за смртта на оние на кои им го доделува непостоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само, дозволи ми и јас да ти доделам нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)