го (зам.) - задуши (гл.)

Следните два дена му минаа како низ магла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Момчето коешто старецот го задуши бучно и помпезно го покопаа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Храната што овој човек ја јаде има само еден недостаток за кој тој не е свесен: страшно многу одпад останува така што колку што ужива во јадењето двојно повеќе ужива во фрлањето на отпадоците што сепак заплашуваат да го задушат со сето свое смрдливо испаливо гниење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Солунскиот саем, кој се одржуваше овие есенски дни, како да го задуши градот со коли, кога магазините и продавниците беа отворени, а тие до „врвот“ натрупани со купувачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, востаниците биле од сите страни опколени од воените сили на Џеладин-бег од Охрид, Али-паша Јанински и Лобуд-паша од Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со цел да го задушат отпорот окупаторските сили во периодот од 1941 до 1944 година презеле повеќе акции за уништување на партизанските воени формации.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој требаше да го задушува гласот на срцето и да се совладува за да не избрза устата да го каже зборот, вистинскиот збор, што му кипеше во градите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако не го гледаше, Аргир чувствуваше како му се приближува и сака да го зграпчи и да го задуши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но и тоа не можеше да го задуши квичењето на прасињата во вреќите, кокодакањето на кокошките во кошниците, цивкањето на пилињата во машките шлицеви - а никаде да видиш барем свирипиле ако не билбил во кафез над пердушеста женска шапка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги набљудувам како се множат секој миг, го опседнуваат авионот, го задушуваат просторот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Виткајќи се околу пленот, го стегаат и го задушуваат со силните мускули – присебно довикуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
107. Ваквиот развиток на работите во Македонија го согледаа и заинтересираните претенденти па ги вложија сите усилби не само да го спречат, туку и да го задушат воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На грлото му напира крик, но не може да се ослободи и се разлева во градите и го задушува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Охо, брат мој! - овој го зграпчи и одвај што не го задуши во својата прегратка: - Гледај го ти него, само еден глас и коските под дреата ти останале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Еј, брате, слаботија си ти. И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сиот во клопче со стиснати раце меѓу нозе и со коленици до самата брада, Антун Крстин ги слуша погодувањата и гледа околу себе лилави и модри и жолти и суринедовршени лица и се брани неподвижен, со некој внатрешен отпор, од мириси што минале еднаш низ куќата и сега се враќаат да го задушат, да го покријат, да го одделат од маката да истаржува тајни на едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа го задуши крикот и не појде кај Турците да им ја каже веста, туку веднаш се упати пешки кон градот, да го бара Марин Крусиќ, ако тој не е некаде со карванот по своите прелажни патишта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- си го задушува офтежот баба Петра, да не би да ги разбуди заспаните.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Излегуваше на чардакот и правеше вежби за да се размрда и потпевнуваше за да го задуши офкањето што му идеше од болките од реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Доста истото го направи со Илка. Таа притури: како ја затекла Митра да му ја затиња устата на Толета да го задуши, а Нешка да ја попари со врела вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На раце те носев кон постелата да го задушам тоа прашање на твоите усни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Овојпат првин го заобиколи телефонот, го зграпчи како да сакаше да го задуши гласот во слушалката, но на крајот, кога забележа како зглобовите на прстите ја губат бојата и стануваат бели, ја отфрли таа намера и ја подигна слушалката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- прашува Даркер, од кој знае која комора на самиот себе... 90 Margina #21 [1995] | okno.mk Дали и Даркер станува изгрицкан од мачното прашање за идентитет, кое полека го задушува дејствието и бавно ги хибернира на момент така раздвижените, толку забрзаните јунаци?!!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Семирамида, додека ја гаснела светилката, рекла: „Како што јас, убиец поради светлината, затемнувајќи се себеси, ја згуснувам темнината.”
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Џеки, мислејќи дека Винко го дави, го задушува, уште повеќе напнуваше да му ја оттргне муцката од раката, па дури и да го касне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Несомнено, тој реално многу нешта отфрлил, не со цел да го скрие она што е двосмислено во егзалтацијата на страдањето или едноставно во заштитата на правата на дрвјата кај Бојс, ниту, пак, да го задуши влијанието што врз него го остварила антропозофијата на Рудолф Штајнер, а уште помалку да ја маскира наивноста на неговите теми и осиромашеноста на одредени псевдо-филозофски размислувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” Флуксус кој се врзува за Дишан со биографска димензија и тенки нишки. превод: Ирена Павловска извор: Art Press, септември 94. 84 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Олга Свиблова Бојс источен фронт Галеријата Ridgina и други простори Олег Кулек ја изложи со успех инсталацијата на Алексис Белјаев и на Кирил Преображенски: У-87.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Симан, несомнено, свесно ја жртвувал оваа идеја на Бојс врз која Рајтман до бесконечност критикува без воопшто, се чини, да забележи дека таа е константно проткаена со идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Срцево ќе ми препукнеше од горка тага, тие зборови болеа, го парализираа секој атом од моето телесно постоење, сетилата како вакум го задушија тоа што беше внатре во душава и го замрзнаа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И се што се случуваше со мене од тогаш, убиваше полека, гребеше, сечеше и го отуѓуваше тоа што бев јас, тоа што го дефинираше моето битие и мојот лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Проверува дали сме ги измиле забите пред да го гушнеме, дали ни се чисти нозете или пак ќе го задушиме.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Шишман ја напика раката во џебот и го стегна кутивчето за да го задуши тропањето и да ја задржи возбудата што го имаше обземено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Грција била заинтересирана турските власти да го задушат револуционерното движење, за тоа со своите акции да не предизвика сериозни проблеми и промена на статус-квото во интерес на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури и владите што отпрвин ја симпатизираа нивната кауза се принудени, поради тие атентати, да се откажат од тоа и да се присоединат кон сите други влади што сакаат обновување на мирот, за да го советуваат Турчинот да го задуши што поскоро тоа востание кое дегенерира во анархизам.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И Ламсдорф и владите на другите големи сили, на прашањето: каков став ќе заземат кон едно евентуално востание во Македрнија, едногласно одговарале - ќе ѝ дадеме слобода на Турција да го задуши.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)