Затоа Попов, Циле, Сугарев и другарите не им помогнаа на овие што беа сега овде опколени, но затоа пак тие се извлечкаа без жртви и опасност од опколување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)