Вака Владимир Дворниковиќ го започнува својот есеј Херојскиот тип и неговите негативности.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Одовде го започнува патот кон Минхен, Улм, па кон Штутгард и понатаму кон својата крајна цел - Дортмунд.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На Третата улица келнерот Хрват го започнува денот пуштајќи песни од Џибони.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И додека Денис го започнува вообичаениот холивудски ритуал на бескрајно консултирање со келнерот, мене мислите полека ми бегаат во едно слично студено неделно попладне, пред едно дваесетина и две години...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Програмата се прекина, и хипнотично шиштење го смири липотот кој штотуку ревносно го започнував...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Коњаникот со куси нозе слепо го гледаше својот творец, тој нов бог што не го започнува раѓањето на новото човештво од кал туку од суво јасеново дрво со еден Адам без Ева, првенец од кога утре ќе жугне кентавр, човек-коњ, но во затворен кесон низ кој не пробива ни вода ни човечко толкување за она што ќе се случи подоцна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Парадоксално митот за Југославија живееше повеќе во неврзаните земји како Египет, Индонезија, Индија, Алжир, Зимбабве, Гана или Тунис, отколку во самата Југославија, која веќе беше во урнатини, одрекувана, дијаболизирана, проколнувана.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Синовите и дијаболично се пресметуваа со својот татко со кого живееја речиси еден мал човечки живот, немоќни пред разулавената југословенска армија, која со изгубената политичка команда го започнуваше по некоја година смртоносниот братоубиствен марш...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа тмурна балканска ноќ, милиони јагули од сите езера, непознати мирни води, го започнуваа големиот и неизвесен пат, во ритмот на минливоста, упатени кон големиот океан на нивната смрт и воскреснување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За време на студиите го започнува својот творечки пат на писател кој ќе внесе бројни иновации во американската и во светската книжевност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се смета за родоначалник на детективскиот и на криминалистичкиот книжевен жанр.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вака го започнува Луан Старова своето портретирање на мајката Ервехе, таа сеприсутна и божествена жена, претставена во лик на неопходна реалност – на учесник, директен и индиректен во балканската историја, посебно во еден посложен албанско-македонски контекст, во кој е поставена и мошне сложената задача на авторовото белетристичко коментирање на нејзината мисија и стратегија на спас на нејзината семејна егзистенција и среќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
– И така, чеда мили, во Поградец, во есента на 1940 година, дојдоа повторно италијанските војници – го започнуваше Мајка старото кажување, но секогаш со други зборови, разубавени, без да ја измени, никогаш, првобитната суштина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)