Ништо не е совршено. Оној што очекуваше помеѓу замрзнатите водоскоци да прошета април па да го засади над ноќната градина зимурливиот божилак замина кај саканата да си ги згрее рацете.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дури чичкото кажал дека било големо чудо што јас не сум умрела, затоа што тој во последното водење љубов, во мене го засадил плодот, па ако се фател, од самата магија можело да умрам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дојдов бегајќи пред зреливе плодови. Судбо на сртовите, кај ли да го засадам моето бегство?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Убаво го засади стебленцето, ја пресади земјата и ги поли со вода од реката.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се уште не сум слушнал таквото цвеќе некој да посакал да го засади пред зградата на извршната власт во државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Изградил визби во кои имало огромни бочви со вино. Сето Поле го засадил со лозја.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)