го (зам.) - зголеми (гл.)

„ Како резултат на тоа производителите би биле присилени да го покачат квалитетот на својот производ, иако Сандерс смета дека корисниците веќе го зголемуваат притисокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Ако тестови како моите се прават почесто, така што секој месец сите таблети што постојат се тестираат, тогаш луѓето би знаеле што земаат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Претставникот на „Македонија-дрво“ објаснуваше дека на овој пазар добро минуваат и дека минатата година направиле промет од над 1.300.000 германски марки, а годинава се надеваат прометот да го зголемат за уште 500.000 марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега ќе требе голема тишина од наша страна, да не не разберат оти сме на цуцката и да се соберат од сите страни, да го зголемат обрачот та да не можеме да го скинеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според мене и мојот мариовски ум требе ние да слезиме малку под цуцката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој сметал дека испраќањето помош на Киро Георгиевски во областа Преспа “би го зголемило нашиот воен успех“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа ѝ го зголемува самочувството: поусилено работи, не сеќава тешкотии, умор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крекот го забрзува дишењето, го зголемува крвниот притисок, пулсот и температурата, отстранувајќи го заморот, потребата за спиење и апетитот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: цигарите го забрзуваат пулсот, го зголемуваат крвниот притисок и го намалуваат апетитот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: Кокаинот го забрзува дишењето, пулсот, го зголемува крвниот притисок и температурата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако екстази може да го зголеми уживањето во сексот, преголема количина создава еквивалент на алкохолен замор и ејакулацијата е речиси невозможна дури и при најнасилни обиди на мастурбрација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Полека, како божем секое нејзино нагло движење да може да ја разлути змијата, таа го зголеми растојанието помеѓу себе и змијата и, додека сѐ уште ја гледаше, но сега на доволно безбедно растојание, јурна да трча и, спринтирајќи околу аголот на куќата, брзо влезе во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Правото на работодавачот да го зголеми утврденото право на плата во висина од 5% остана да важи и со рогацијата од декември 2013 година, започнувајќи со исплатата за октомври 2014 година. (чл. 1 од ЗИЗИПРМ/дек.13) 118 Закон за исплата на платите во Република Македонија, Сл.весник на РМ, 70/94.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
115 ЗАКОН ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Законот за исплата на платите во Република Македонија (ЗИПРМ) за прв пат е донесен во 1994 година,118 а за периодот кој е предмет на нашата анализа (2010 - 2014) овој Закон има претрпено вкупно 5 измени.119 Главниот фокус на измените на овој закон беше ставен на процентот во кој работодавачот можеше да го зголеми утврденото право на плата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дополнително беше избришан чл. 5 од ЗИПРМ кој нормираше дека „просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да биде пониска од 50% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец.“ (чл. 2 од ЗИЗИПРМ/јан.12) Измената на ЗИПРМ од ноември 2012 година предвиде дека работодавачот може утврденото право на плата во 2013 година да го зголеми за 5% почнувајќи со исплатата од декември 2013 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со измената на ЗИПРМ од јули 2010 година дојде до промена кај утврденото право на плата, кое по ново работодавачот во 2012 година може да го зголеми за 10% започнувајќи со исплатата за септември 2012 година. (чл. 1 од ЗИЗИПРМ/јули.10) Повторно регулирање на процентот во кој работодавачот може да го зголеми утврденото право на плата дојде со рогацијата од јануари 2012 година, но сега во висина од 5% започнувајќи со исплатата за декември 2012 година. (чл. 3 од ЗИЗИПРМ/јан.12)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Чувството за доживеаниот пораз уште повеќе го зголемува тоа што кога тој ќе сфати дека бил вовлечен во некаква битка, црниот човек веќе ја има свршено сета своја работа, па можниот набљудувач нема време ни да помисли дека некој некого нападнал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А можеби ваквите помисли ми идат и заради она негово обраќање што беше пресметано да ме замолчи. ( Или неговата интервенција беше со друга намера?) Навистина не знам дали му требаше тоа: "Другарке Огнена, за се што ќе ни се случи не се свикува конференција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На секого му годи во моменти на несреќа да му се јави како застапник барем некој од уважените луѓе; некој кој со своето присуство ќе го зголеми значењето на загубата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговата организација си го зголеми членството, а на мојот предмет си се запишуваа студенти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бугарите го зголемија буџетот на Егзархијата од појавата на српската пропаганда: со други зборови ја засилија нивната пропаганда и нивните интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше привлечен изглед и толку го сакаше женскиот пол, што речиси двојно го зголеми бројот на жителите на Глупов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Микалаyе, кнез Ксавериј Георгиевич, Черкез, потомок на сладострасната царица Тамара.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ненајавеното доаѓање на Ѓорѓе уште повеќе го зголеми сомнежот кај Никодин. И Рада, но и Светлана го почувствува тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога мислиш дека баш се си дошло на свое место, излегува дека хаосот само што го зголемил степенот на еквилајзерот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но немаше многу од обете страни кои веруваа во Арафат-миротворецот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наспроти Кисинџеровата стратегија на мали чекори, која го зголеми американското влијание на Блискиот Исток, да доведе до мир на повеќе фронтови, американскиот претседател Џими Картер ја спротивстави стратегијата на глобално решение (package deal), предлагајќи синтеза на круцијалните интереси на двете спротивставени страни, елиминирајќи ги нивните иреални амбиции, предлагаше во замена вистински мир од кој Израелците имаа апсолутна потреба, за сметка на целосно враќање на окупираните територии кои беа од животно значење за Арапите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Резултат на свесна политика се дури и повластените групи да се одржуваат блиску до работ на немаштијата, затоа што општата состојба на недостиг го зголемува значењето на малите привилегии и така ја увеличува разликата помеѓу една и друга група.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сепак, беше предвидена можност работодавачот утврденото право на плата во 2010 година да го зголеми за 10% започнувајќи со исплатата за септември 2010 година (чл. 1). 182 3.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измените од 2007 година предвидоа можност за работодавачот да го зголеми утврденото право на нето плата во периодот од 2007 до 2009 година за по 10% годишно, започнувајќи со исплатата на платата за септември 2007 година (чл. 7, ЗИДЗОПРМ/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа е строго забрането, пошто перењето се одвива у заедничка просторија у подрум за да твоите доларипол му го зголемат јадниот инкам на Евреинот што е газда на зградата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Всушност неговата слабост се состоеше во тоа: да го зголемува значењето на секоја ситница што ќе ја изречеше некој друг а се однесуваше на него и на неговите постапки или недај боже слабости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секогаш ги имаше токму толку на број, десет, и тоа изгледа само затоа зашто сметаше дека така ќе им го зголеми значењето според примерот на Десетте божји заповеди. Ниту еден повеќе ниту еден помалку.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина, во тоа сум сигурна, секоја душа сака да има што поголемо стадо грижи и нема друга работа освен да го зголемува тоа стадо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа го зголеми неспокојството.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Би било добро западните земји да не го зголемат уште хаосот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Истовремено, нашите единици посебно треба да го зголемат отпорот на линијата Грамос - Скирца - Ќафа - Суфљакас - Скала - Чрно - Краставец со цел противникот да се задржи, поправо да се спречи колку е можно подолго време да ги заземе овие планински врвови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со пречекорување на границите на јазикот цел, со трансформирање на оригиналниот текст од изворниот јазик, преведувачот го проширува, го зголемува, му овозможува растеж на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бидејќи беше презадоволен од Еда, тој оваа работа му ја отстапи нему со цел да му го зголеми приходот без да му ја покачува платата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во „карвошот“ на Васка сè повеќе вршеше поправки одошто миеше коли што значително му го зголеми приходот. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тоа и му го зголемува приходот поради што е вистински задоволен зошто летото беше времето кога човек никогаш нема доволно пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
САД за четирипати го зголемија персоналот на американската воена мисија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Настаните што се случија во Солун - пишува Готје - уште повеќе го зголемија немирот на битолското население, и тоа е повеќе од секогаш убедено дека градот, со оглед дека е седиште на главните членови на Револуционерниот комитет, е загрозен, и тоа многу скоро, од катастрофа пострашно од таа во Солун“140.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со цел да го зголемат револтот против атентаторите, властите прошириле вест според која, наводно, гемиџиите планирале да го дигнат во воздух целиот европски кварт, но, за среќа, тоа не се случило, бидејќи не експлодирал целиот динамит ставен во тунелот180.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Со цел да ја изменат формата на владеењето во Румелиските вилаети на Отоманската империја, членовите на субверзивниот комитет, чие седиште е во Софија, решиле да извршат ред атентати во градот Солун..., служејќи се со бомби и динамит за да го зголемат на тој начин ефектот на своите злосторства“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Моите колеги и јас“ - пишува Стег - „му обрнавме внимание на валијата на опасноста поради одземање на заработувачката на луѓето што овде се занимавале со определена професија, коишто, кога ќе останат без работа во нивните села, ќе го зголемуваат бројот на четите.“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој го зголемил револтот и одвратноста што постоеле кај нашиот народ против постојаниот поредок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не можам да објаснам како тоа се случува, ама дека сум жива – беда, знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)