го (зам.) - изгради (гл.)

Да го изградиме водоводов му велам, та за ракија и за пиво лесно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во нив тој го живее својот фиктивен подобар живот, допуштајќи, во длабоко самосожалување, да му се граба и она што никогаш не успеал да го изгради во себе - својот граѓански идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но Домот на германската уметност во Минхен го изгради германскиот народ за својата германска уметност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа пред очите му се појавува Соломон, моќен и достоинствен, синот на Давид и кралот на Израел што го изгради првиот Храм во Ерусалим.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Навраќањето во споменот навејува често чувство на влегување во храм, што си го изградил некогаш скришно и сам во непристапен предел на мислата, на најтајно место!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан отсекогаш се гордееше со тој мост што дедо му го изградил кога бил млад, а бил заштитен од духот на неговата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таму нема ништо, освен едно малечко црквиче што го изградиле Лобанчени кои живеат во Австралија. ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Саатот се градел дванајсет години.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во прво време некој си мајстор Есат се пазарил со уќуматот да го изгради Саатот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја погребале далеку од дворецот што за неа го изградил татко £.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури деветтиот пат гробот не ја исфрлил грешната принцеза.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Уште при ѕидањето Саатот малце се навалил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МАРКОВА ЧЕШМА На два километри јужно од местото каде што почнуваат карпите во Демиркаписката Клисура, сред густо зеленило, се издигнува огромната Маркова Чешма низ која од три дулци незадржливо гргори студена планинска вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога стигнавме горе ги предадовме на претпоставените.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нашите ги прашаа дали ќе сакаат да го изградат она што е урнато од нив, а тие само кренаа рака велејќи „Хај Хитлер“. Потоа нашите ги убија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Царот Алексиј Комнен. Византиецот. Што го изградил храмов на великомаченикот Пантелејмон.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А ибн Бајко се расприкажа, зашто и знаеше многу да каже, дури и за себе се расприкажа не само за овој или за оној, кажа за Јосиф и папучите на Гази-баба, кажа, како многу упатен, и за турбето за кое Гази-баба толку долго си бараше место за најпосле и да го изгради, и дека како вљубеник во Скопје сакаше турбе баш како на Хинду-баба кој ги држел пред него најпознатите проповеди во градот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто сарајот го изградија токму на местото каде што тој го замисли, дигнат на големи колја забодени в земја и токму среде дрвен мост кој имаше дванаесет отвори и кој беше долг околу педесет луѓе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дури кога ибн Тајко му се придружи на народот, разбра дека тука се гради црквата Свети Димитрија, сега наново: амамот на Даут-паша, што овој го изградил со лично свои пари, на нејзиното старо место, уривајќи ја, никако не успевал да ги привлече досега капачите, уште помалку пак, да го надмине Чифте-амамот како што отпрвин му била намера. А толку убав амам!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И луѓето на таа стара раса, сонувајќи го денот кога Земјаните ќе се вратат, го изградија овој град, и името на тој град беше и сѐ уште е Одмазда, на Планетата на Темнината, во близината на брегот на Морето на Вековите, покрај Планината на Мртвите; сето тоа мошне поетично.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, мора да се почитува функцијата на секое време да се обиде работите да ги види чисто и да ги изрази на најдобар начин, без мисионерски намери.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Платоновиот опис на земската, а не на небеската Афродита, сосема му одговара на Penthousе магазинот.  Но, зарем лагите меѓу половите не се неминовни поради љубомората и конфликтите меѓу интересите?  Додека Ерусалим не го изградиме во пријатната и зелена земја Англија, ќе мораме да живееме во синагогата на Сатана.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истиот филм имаше и една од најголемите “tei-in” акции откако постојат пазарот и маркетингот - промовираниот производ беше морнаричкото воздухопловство!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спилберг и друг пат го правел тоа; главните херои во ИТИ јадат точно одредени колачиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, овој род на американската војска сите објекти, бродови, авиони и статисти бесплатно им ги даде на филмаџиите, okno.mk | Margina #11-12 [1994] 105 но, од друга страна, филмот толку го изгради имиџот на пилотите што години потоа школите на воздухопловството беа буквално претрупани со кандидатури!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аглите на просторот кој го изгради само за себе нека добијат нова димензија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А Филип повторно го изгради градот Стагира, во Македонија од каде што беше Аристотетл.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога Борхес, уште 1935-та, напиша дека од Хомер сите метафори се забележани, додавајќи понатаму: “тоа не значи, се разбира, дека е исцрпен бројот на метафорите; начините да се кажат или навестат тие тајни блискости меѓу поимите се покажуваат, всушност, како неограничени”; тој со ова го истакна темелното начело на теоријата на руските формалисти, и го поттикна Џон Барт да го напише својот сега славен есеј “Литературата на исцрпеност”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Амбивалентната положба на одломката веќе навести такво порекнување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа што на пишувањето гледал како на повторно испишување, и затоа што покажа - и во теорија и во пракса - дека “една литература се разликува од друга, било пред, било по тоа испишување, не толку поради самиот текст колку поради начинот на којшто тој е прочитан”, тој ги одушеви и структуралистите и семиотичарите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговата Аргентина останува место на соништа. Борхесовиот ум тука е најстварното нешто.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Борхес”, вели тој, “го изградил своето дело, а ми се чини и самиот свој живот, од оној ист напор да си создаде себеси дом во сопствениот ум...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џорџ штајнер, исто така, нѐ потсетува дека “Борхес е кустос во душата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа што во “Пјер Менар, писателот на Дон Кихот”, заклучи дека “текстовите на Сервантес и Менар се јазички идентични, но овој другиов е речиси бескрајно побогат”, тој ги засени следбениците на интертекстуалноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој никако не нѐ доведува во близок допир со сопствената земја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес беше интелектуално животно, солипсист заклучан - како Минотаурот од неговиот расказ - во лавиринт што самиот го изградил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес може да се појави во две одломки што ја опкружуваат Џојсовата одломка, но тоа се две различни траги, од кои не би можеле да го изградиме, или реконструираме, хипостазираниот БОРХЕС, кој би можел да ни даде објаснување за текстот на Дерида.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)