го (зам.) - испие (гл.)

Оние што мислат и што чекаат помош од бугарскиот двор, се лажат. Ним чавка им го испила умот. Тие се народни предавници!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од темел да ја растуриме турската империја!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Навечер додека полека го испива коњакот, мисли на минатото во кое главно место имаат сите тројца: самата таа, мајка ѝ и нејзиниот покоен татко, поранешен трговец со сточна храна во Гдањск, а потоа сопственик на мал хотел тука, во Варшава.  Влегувам низ задниот, службен влез на Холокауст центарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас не можам да прекршувам наредби”, рече Беренц не криејќи ја изненадата од директноста на митрополитот. Владиката не го ни почувствува кафето кое гледаше што побргу да го испие и да замине, зашто во главата имаше уште еден план.  Вечерта владиката отиде дома кај градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„*Ако не успееме, јас ќе ги следам тие кутри луѓе, каде и да решиле да ги носат.*“  Карер помолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Кога така, почекај малце дури да си го испијам винцево. Почини си малце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За да се извлечам од таквата мачна ситуација се престорив разгневен и стегнав тупаници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ама тебе чавките да не ти го испиле умот?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Овој стана од местото и дојде кај Дамета, та го отвори собранието, поздравувајќи ги присутните делегати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги дочека да го испијат кафето, ги собра филџаните и излезе, а Даме му нареди на Ѓорѓија да постави еден од десетарите на вратата и никого да не пушта во одајата без негово одобрение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Новите сиџилисти, до вчера послушни ученици, скришум го поздравуваа кога се упати до архивската кантина, да си го испие своето редовно кафе, но сега без шеќер.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но последното кафе пред одење се договорија да го испијат заедно со Фотевци, а Боге уште не беше спакуван: се шуткаше околу својата отворена торба, а редовно по нешто ќе заборавеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само што сега не се облекуваа за излегување, туку така како што спиеја излегуваа на балкончето да го испијат првото кафе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Срцето одврзан пес на некоја заборавена порта Прозорците розови цепелини во ноќта И реков на мајка ми: Никогаш нема да вкусам од отровот што ти го испи
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еве го, во кафеаната „Боеми“, го испива стотиот вињак и вели: - Сигурен сум, сто насто нејзините три круга се всушност во полето на некојси малечок бермудски триаголник, каде што годините се ситен песок што налегнува по спрудовите на нејзините бадемасти очи и веднаш исчезнува без трага.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Есенбаците удрија на смеа, та ми го испија целиот шнапс од Дојче Демократише и ниту капка не ми оставија од тоа позападното.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Штом го испија кафето Вера стана и се ракува со сите по ред. Татко ми тргна да ја испрати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Можам да земам како за мене, па ти да го испиеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И едниот и другиот Онисифор побрзале да клекнат и да го испијат со коленици сето студенило на влагата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гласот ѝ станал длабок, повеќе заканувачки отколку старечки. Ѕвездата на брчките околу устата се раздвижила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чавките до капка ти го испиле и оној мозок што малку го имаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако го испија утринското кафе, Јана како искусен туристички водич ја започна обиколката на селото Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако го испија и второто кафе во една од градските кафеани, Виктор продолжи: - А сега девојче, имам еден предлог.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Последното кафе го испија во салонот на домот на Јана, во Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не успеа да го испие ниту првиот срк.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако го испија кафето во кафеаната на автобуската станица, Ивона држејќи го под рака се препушти на изборот на Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го толерираше овој монолог на штрокавата сѐ до мигот додека не го испија кафето, по што реагираше кратко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но не го сторив тоа, го испив само виното и реков: - А тоа истото да ти го кажеше По или Кафка - ќе им веруваше ли? - Зошто да им верувам?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јајцето стои цело, а празно. Го испила месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уката е страшна мува. Те напаѓа, умот ќе ти го испие.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откако го изеде сендвичот со жамбон и го испи пивото во кригла, се врати во книжарницата, се доближи до својот куп книги, ги однесе до касата да плати, веќе му беше означен попуст, односно книгите ги купи по набавната цена од страна на книжарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Винстон ги дојаде лебот и сирењето. Потоа се сврте малку настрана во столот за да си го испие кафето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За неа уште не слетала чавката што да ѝ го испие умот.“ „Денес, утре, ќе слета“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бидејќи тоа сепак предолго траеше, Марин Крусиќ го отвори донесеното вино и тие двајцата, малку по малку, го испија на голо, надевајќи се залудно на некакво пристојно мезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе го испиев кафето влегував во Макис, што беше отспротива на Старбак кафето.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
11. Лежи песната ранета на твоите овенати усни и млакиот шепот сака некому да ја рече Никој не слуша Бараат очите твои низ ноќта в ноќ што се мрачи и стихот со болката измешан не може дално да оди Никој не слуша Те слуша болката само и неа сега ја слушаш сал ти Во овој мрак што се грчи самотата станува болка песната станува болка болка е сета ноќ Ноќта го испи мракот и стине во шепотот млак во очите песната бледнее и немо се пробива мракот пред потполниот мрак
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им кажа дека манастирот имал и постари вина, но кога дошла австриската војска го испила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го испи шишето и му го подаде да му донесе другпат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А кога го проби оловото, видов дека и како мртво сака да го испие животот со очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој ја дигна, чашата и го испи оловото и со него сето она што беше шарено и нејасно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старата, врзана за постела, уште го чекаше: да го испијат својот чај, да разменат по една воздишка пред легнување и да си свртат грб во заедничкото легло.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа воопшто не го фатило. Како и да е, беше премногу доцна за враќање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Возот, очекувано, доцни, доволно за да го изедам бурекот и да го испијам јогуртот, па уште еден час, час и половина да преседам на клупичката гледајќи ги возовите што, проследени со гласот на најавувачката од звучниците, пристигнуваат и заминуваат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само во зима, на студ и голомразица, бастунот ја преземаше својата основна функција, да го потпира патот, но и тогаш дедо ми не запираше, не се колебаше, туку со одмерен чекор стигаше секое пладне да го испие своето „горко, накај средно“ кафе во „Метропол“ со пријателите-пензионери, во просек петнаесет години помлади од него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ама десеттото одвај го испи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не му гргореше во устата лесно, ама пак кло-кло-кло – го испи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А тој: „Не ми го испила чавка мозокот, да земам таква, па да ме рани со муви.“ И ја оставил.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Кога таа така ги чисти своите уши, така ќе ја чисти и мојата куќа“ — рекол и ја оставил и неа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го испивте чајот? Да ги вратите шолјите, да платиме и да си продолжиме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доволното количество вода што го испив на после­дна­та чешма ми ја раздвижи крвта низ дамарите, доволно да ме соочат не само со драматичната ситуција во која се најдов, туку и да ме наведат на мисли кои сигурно произлегуваа од силната доза на страдање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме обзеде жал, гнев и јарост, но со ништо не можев да помогнам и требаше да го испијам отровот до дното од чашата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)