Сеќавањето на мајка си му го кинеше срцето затоа што таа почина сакајќи го, додека тој беше премногу млад и себичен за да ѝ возврати со љубов и затоа што на некој начин, - не се сеќаваше како - таа се беше жртвувала себеси на едно сфаќање на лојалноста, кое беше приватно и непроменливо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Розовата долина“ врие од ружоберки, кои го кинат цветот од бодликавите гранки; ружата мора навреме да се набере, да се добие од неа најмногу масло, најмногу есенција, најмногу опоен мирис.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во сандачето – писмо. Го кине пликото – лист фина, сина хартија со облаче во десниот агол, исполнет со препознатливиот, орнаментиран Јанин ракопис.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го грабна писмото и почна да го кине на ситни парчиња.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Нарачаа жилаво месо, го кинеа и гореа. Се менеа: беа испукани ками. До чело.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одвреме навреме тага му избива на лицето и тоа ми го кине срцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ги гледаше зад стаклото, толку светли на прозорецот на вагонот, над градовите кои одвреме-навреме го кинеа пејзажот...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Погледот не достигаше далеку, лажеше: долгите боцкави гранкина капините лазеа околу неговите здрвени нозе, се подаваа кон него, му ги кинеа закрпените бечви. во него се мешаа безброј чувства, го кинеа, риеја по неговиот мозок, се бореа меѓусебно за превласт.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Реже, го кине напорот длабоко во себе, од своето срце.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ТЕОДОС: А, нозеве ми се здрвија како да не се мои. (Сака да стане, а несигурно стои.) Не држат...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува, се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе! ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И го кине меѓу гранките, го расфрла по парошките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мислам дека еден дел од лицето ми остана внатре, кај началникот: ми го кине ко крпа и си ги брише чевлите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми се вивна нешто нагоре и почнав да го кинам весникот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Езерото се разниша, се крена ветер од него и започна да дува по брегот да го кине и да го разнесува младиот цут од овошките.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Меѓу годините и мракот, болјарите го кинат црнилото од острите камења на далекиот пат кон Портата.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Има и електрична машинка за бричење! Би можел да се избричам!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Грета: Зошто да се бричиш?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
(Му го кине фустанот) Види колку е волнест! Си требал да се депилираш, свињо!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
ДИМИТРИЈА: Надвор! СИВИЌ: Имам налог, господине Андреевиќ. (Го вади налогот.)
ДИМИТРИЈА: (Го фаќа налогот. Го кине.) Немаш налог. Надвор!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- А првата голтка ми го кине желудникот, не досадувај со описи, што понатаму?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И додека најмалиот со зачуденост на детински невиното лице му притрчувал да му помогне и да го исправи на нозе, фрлајќи ја пушката во недораснатоста да сфати дека нечија невидлива цевка внимателно му го бара челото покриено со густа коса или лицето или градите ослободени од секаква тежина на зимска облека, другите шестмина од скок се фрлиле на земја и заревеле или одмазднички или охрабрувајќи се меѓусебно без заштита и на најмало камче пред очите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стрелале во ништо, слепо, со бес на расрдени ѕверови со заби да го кинат невидливиот грозоморник, и веќе не се знаело кој и од која страна пука.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Милдред го отвора чантичето, го вади чекот, го кине.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе го најдеме тато, тој не е пијан, тој е болен, цел пат зборуваше дека нешто го кини во стомакот! ломотеше влечејќи го братчето зад себе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На татко им од ковачкиот мев му поцрнала кожата и од некоја мака која постојано го кини.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Постојат различни конфликти од кои секој го кине општеството во различна насока.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како да се обединат овие конфликти - тоа е проблем. Кој тип на репресивен механизам дејствува во современото општество? Накратко: зависноста се постигнува со помош на заведувањето.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во него се мешаа безброј чувства, го кинеа, риеја по неговиот мозок, се бореа меѓусебно за превласт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ти си виновник! Поради тебе Благица нас не заборави!“ - извика куцата Маза и прва почна да го кине.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Откога се наколва, здодевноста проработи во него, почна со клунот да го кине јажето на кое висеше Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Па од лутина го кине јажето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зли усти имитираат кучешки лаеж, стар барабанџија со темно маслинесто лице, бронзени усни, налик на статуа, го кинеше од мене злобното завивање на омразата кон излитено пријателство од автодеструктивни пориви...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Погледнуваше во лозот, погледнуваше во резултатите па пак во лозот, па пак во резултатите, менуваше бои, срцето му тупкаше, а потоа пожолтуваше, го кинеше лозот со ифрит во душата и го фрлаше весникот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И се драскам надолу низ шумата. Го кинам газот и колената, се тркалам ко откорнат трад. 64
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто му се накрева оздола, откај петиците и го кине во градите, во грлото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А сакам, така, одоколу да го помолам да не си го кине срцето. Така ни било заведено од наречниците.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)