По таа линија, дури тигрите го ковеа најдобриот казнен план за ваквата мајмунска престапница, во точниот миг пред нападот ноелемакот-мајмун мимикрично се претвораше во тигар.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ѕидниот часовник – предел во кој да го препознаеш белото велигденско оро околу црквата; црвената поплава на узреаните цреши; златниот прстен што на месечина го коват коњите околу стожерот во дворот; појавата на црните ѕвезди спроти луњите; фортуната во која останаа завеани кирајџиите; жените што со разголени дојки пеат во жетвите на далечните лета; сенката на старецот дури се крсти над трпезата; јаренцата што ги кубат перуниките во дворот; девојката која гледајќи ги размножува пупките на овошките; расфрланите коски на предците како ракопис на далечните потомства; прошетка под оваа априлска месечина кога си шептат нешто историјата и татковината,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)