Тие парчиња хартија, испокасани од влагата и сонцето се налегнати врз неговите испружени колена и кога ќе го мекне перцето во местилникот тој го гледа, зад разголениот бел песочен брег нејзиното златесто тело во жеден спој со разбудените стопрсти на водата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)