А знаеш убаво дека агите не го мирисаат Московот, та и на тоа не ќе кандисаат — му одговори Шаќир, малку заинтересуван за својот живот, бидејќи и да се предаде тој има да биде погубен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јован почна да вика: — Кајмакам, ефевди!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Набра голем букет ѕвончиња и го мирисаше нивниот слаб и по малку тежок мирис кога еден звук зад него, несомнено кршење на гранче под нечија нога, го стаписа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се гледа во огледалото, го мириса лукот, го трие крстот од гради.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
За да им го мирисаат црнилото!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сликарот преку вкусот на портокалите и мандарините што му ги донесуваше Хасан, го осознаваше изгледот на пазарот, ги слушаше викотниците на пиљарите и градинарите и го мирисаше мирисот на манџите од ахчилниците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Си го мириса потеклото а тоа му создава сигурност дека ќе расне и ќе биде она што сум јас.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јас го мирисав облакот од цимет околу нејзината коса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бојан скина стракче трева, почна да го гмечи меѓу прстите, да го мириса.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За срамота. Смејте се, смејте се, ама така е.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На прецветани девојчиња им наоѓам пар, а на машки свенати од работа, повлечени од скромност и од обзири или заборавени дома поради догледување поболени родители, сум им го отворала цутот на среќата за да го мирисаат сиот остаток од животот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го мирисам огнот од далечините. Слушам метални звуци. Чекам. Слушам. ***
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Си ги затвора очите и го мириса бебето и се одлучува да го крсти Лебед.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Што си мислиш?“ прашува Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го бакнува на образот и му шепоти во увото, „Се викаш Лебед. Се викаш Мов. Се викаш Чао.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)