За Ботеро, сѐ „има место да постои“, фалшивата затвореност треба да се предаде, да се отвори; потребно е таа да се покори и да ја презеде формата затоа што, како што велеше Монтењ, ние немаме „никаква врска со битието“ и, значи, можеме да го насликаме само „пасажот“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ова што ти си го насликал е темнина човечка, порочна, грешна, гнилежна, црвоточна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Релаксирачки гледав во планината отспротива, во мирното езеро и си мислев: "Лесно им е на уметниците со бои да го насликаат сето ова, но јас, кога би била писател, како би ги нашла соодветните зборови за да ја опишам оваа убавина, ова синило на небото што не е како во Скопје, ова зеленило од шума, овој мир.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Мојот маж го наслика ова во многу природни бои.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ЉУБА: Ако сакате задолжително да знаете, тогаш да ви кажам дека трговецот со вино му плати на мојот маж во натура, за портретот што му го наслика.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Замисли си, оној Црвенокос ѓавол, како што го крстила Сузи генералот Ролан, го довел својот пријател генералот Јенков во приемната соба на Сузи, и го замолил на најосветлениот ѕид да го наслика „Изгонувањето од Рајот“, се разбира со ликот на Сузи како лик на Ева, а за ликот на Адам се предложил самиот себеси.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јенков ја нацртал таа слика. Сузи била преставена толку уверливо што Генералот заплакал од радост, иако, како што тврдел самиот, никогаш во животот немал плакано од толкаво задоволство.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе ми дозволите ли сега, јас да го насликам вистинскиот портрет на таа жена?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Еве, сега ќе цртам за приемниот испит, прво ќе го насликам портретот на баба ми, па твојот портрет и на крајот ќе си направам автопортрет.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Или обратно: еден фекален обрис што вашиот шизоиден дух го насликува во огледалото?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)