Ајде на работа – заповеда и плусна Сулејман со рацете, а везирот и Суљо со длабоки теманиња назадечки излегоа низ врата од салата, да го напише везирот светото решение, а Суљо да му го донесе на кадијата и да го насрчи да го заостри зулумот над Мариовците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)