Со еден збор, бев уверен дека Кожинката многу сериозно ќе се зафати со случајов!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она што ќе го заплетка некоја невнимателна жена не се размрсува тукутака.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Воопшто не го обескуражува сознанието дека само една од патеките води кон целта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Бев уверен дека немам од што да се бранам а знаев дека нема поголема глупост од онаа, да се бориш со замислени ветерници.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова сакав да го сторам не за да го обескуражам во неговите несфатливи настојувања докрај да ја разоткрие вистината туку за да му укажам на мојата но и на неговата улога во тој ненужен кошмар.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)