Потребата од таква мисија лесно се објаснува ако се согледа силниот растеж на Византија во границите на Балканот, Европа и Предна Азија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 99 Во исто време, за ширење на византиското влијание не може да биде одбран кој било, особено кога станува збор за ширење на христијанството меѓу паганските племиња и затоа василевсот Михаил III Палеолог мошне внимателно го одбрал носителот на мисијата - Константин и неговиот помошник и брат, веќе замонашениот Методиј.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Имено, во април 2005, странките меѓусебе склучија Вонсудска спогодба бр. 7001/471 за исплата на вкупниот досуден долг на пет месечни рати, секоја од по околу 70.000 МКД (1.145 ЕУР) – со што, Марковски, до септември 2005, конечно беше целосно исплатен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој – кој и самиот има организирано работнички штрајкови – вели дека доколку во иднина повторно би се случило прекршување на работничко право, пак би го одбрал истиот пат како и тогаш. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие мудри суштества кои молкум лазат покрај нашите нозе, така незабележливо, се трудат да опстојат во сенката на стопанот што го одбрале...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Затоа набрзо по тоа себеси си го одбрав псевдонимот Арт Ловер и од тогаш светот на уметноста ме знае под тоа име.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Гога се изнасмеа добро, а кога чу за кое девојче се работи тој рече:
- Арно си го одбрал гулабот, само малку доцна, така ми се чини.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Брукс го одбра Гронинг за шоуто и ги убеди „Фокс” да ризикуваат со ударното получасовно прикажување на цртан за возрасни.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Чичко Лозан го одбра местото што беше поблиску до вратата и ме фати за рака за да седнам до него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но Бузо и неколу со него немаа подобро решение од она што го одбраа: се пикнаа во колибите засолнувајќи се од камениот дожд.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Потоа Жене го одбра патот отворен со драмата Слугинки (каде што театарскиот механизам беше земен како придвижувач на драмата), а не оној на Строгите надгледувања, на кои Сплендид се надоврзува - веројатно драмата е смислена во исто време.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не се решаваше да проценува дали ќе го биде, дали му оди од рака тоа што го одбрал, дали воопшто има или соумева нешто да каже.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Најпосле го одбра местото каде што ги рашири ногалките, како да поставува цреп таму каде што најприродно ќе изникне цвеќ ето, го распна празното платно на подготвените летви, го распореди приборот околу себе и стоејќи зазеде став како тркач на старт.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога со непогрешлива интуиција го одбраа газдата на куќата, тие го присилија ангорското крзно да скокне во неговиот скут.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го одбрав полесното: падот, оти полесно е да слегуваш одошто да се качуваш. О знаев дека согрешив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ФРОСА: (на Мара). Кума, сега Анѓеле ќе ви прати пари, гледајте да заушите некој домаќин за Кате, да ја омажите. Да го одберете тоа гајле.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Покрај тоа тој мора да имал специфична причина да го одбере токму овој предмет и да му го посвети на својот пријател како сувенир од Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дали треба да заклучиме дека ова е неговиот прв редимејд.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Единствено синот што таткото не го одбра се чувствуваше чудно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Јас го одбрав овој над кафезот, ставен како урнек за вашите петли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Велеше: „На враќање од Виена, мојот прапрапрадедо не го одбрал патот на Виа Игнатија, туку скршнал кон Овче Поле за да навтаса кон Едрене, па да фати кон Кападокија, а оттаму по пат што допрва ќе го открива да се врати назад во тивките пространства на Инд.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Затоа Тој и го одбра него...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Тој веќе еднаш си го одбра патот кога реши да остане во Памфилија наместо да продолжи да патува и да ја шири Радосната Вест“, му рече тогаш нестрпливо, но Варнава упорно продолжи да го убедува.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја извадил од појас кубурата и му ја подал на Арсо Арнаутче, го одбрал за свој заменик (се случува, не е под панцир на челик и на чинки), доколку другите тоа можеле да го разберат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И не пукајте без потреба. Побрзајте.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Оди си по патот што си го одбрала, јас ќе те следам ќе те пратам, јас друг пат одбрав од каде нема враќање, а ковертот ти го испратив, полн чувај го за спомен СПОМЕН ОД МИНАТОТО!...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сепак во последен момент го одбра тивкото одмавнување со главата, тој културолошки кодиран, и донекаде културен гест за „не“ и, понекогаш, „не сакам“ и „немам“.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Јас во себе ги изброив сите свои органи и го одбрав најнежниот: - Ме болат очите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- продолжи да ме прашува татко ми.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сега само ги гледаше како се доближуваат до местото, што го одбра.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Клекната под иконата на заштитницата на раѓањето, Рада тивко колку самата да се чуе ја започна својата исповест: „Помогни ми пресвета Богородице да го одберам вистинскиот пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во времето на идеалите го одбра за идол Џон Траволта од филмот „Брилијантин“, а јас си останав Сенди што не ја накадри косата и не облече тесни хеланки.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Една недела пред Свети Никола Летен, се паша на 2 јуни стар стил, и е заеднички сведен на жителите на Потковицата, чупите, со еден ерген што сами тие ќе си го одбереа и кој задолжително требаше да знае да свири на к’рнета (кларинет), уште од раното, пеејќи и предводени од свирачот, одеа да ја исчистат црквата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И иако никако не му поаѓаше од рака да го одбере вистинскиот збор, што му беше најпотребен во мигот за да го отпочне нападот, кога проговори му се стори дека ја стрефи право целта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и
ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со
нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни
човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас,
вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме
ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој
остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали
се англиски или грчки,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тој момент таа е бесна на мајка си поради предлогот да го одбере двојниот живот како решение.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Му ја опишав сликата и го запрашав зошто Дад го одбрал токму лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Четири, пет. Не знам.“ Јага навистина како да чекаше дотогаш да го одбере посилниот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мило ми е што го одбрав токму овој начин.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Махмуд Дарвиш Палестинското прашање и натаму продолжува да го бранува светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Иако оддалечен од првите дипломатски траншеа на Блискиот Исток, вратен во Македонија, продолжував на друг начин да ја следам драмата на Јасер Арафат, како еден од последните владетели, на чиј пат, кој водеше низ крстопати на лавиринти, од кои секогаш умееше да го одбере вистинскиот пат, да го најде можниот излез.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзините постапки сè повеќе ме туркаа во занаетот што го одбрав или ме одбра, не знам, но знам и сега дека ништо не би работела подобро од тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Го барав местото кое би го одбрал да ловиш риба кога би бил жив.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Правеше и план како тоа да го стори, кој начин да го одбере: да му влезе ноќе дома и додека спие да го убие. Но како да влезе?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ги предаваме токму ваквите различни “јазици” (кои, пак велам, реферираат на нашите дилеми и недоумици) можеби со една иронична цел: јазикот на кој се формулира проблемот веќе е почеток на решавањето, и во таа смисла, секој може да го одбере својот начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
С. С.: Еј, Ѓ. С. како се викаше оној пеачот Хачу Хучу нешто...сите соработници во МАРГИНА имаат псевдоними па јас си го одбрав тој?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Знаел светецот што е убавина, кога го одбрал ова место... - рече Стивенс.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Лежи! - свикаа и го одбраа Васета за чувар.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ти го одбра.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Ги затвори очите. Го одбра коњот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Шишман, самиот нерешителен, го зеде камчето што му го одбра братучедот Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Секој си го одбра дрвото што ќе го сече, а фелдфебелот сенка каде што легна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Не знам веќе што да приречам, кој збор да го одберам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сте го одбрале времето, вели мажот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но, луѓе, да не се залажуваме. Може ли некој да го одбере својот талент.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Му одговорив потврдно. Знаев дека го одбра вистинскиот начин да ми го привлече вниманието и сето тоа ми го чукна умот, во еден многу краток момент.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Без двоумење го одбрав Политичкиот смер и токму тогаш ги сфатив прстите на судбината.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сепак, јас сум таа која го одбра животот таков каков што е, јас сум таа која се пресели таму за да живее со тој човек.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)