го (зам.) - одведе (гл.)

Појдоа во партизани... Го одведоа Мијалче со сите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Со козлето го одвеле и стариот козар. И оваа куќа се завила во црно...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Домаќинот го фати Гоцета за рака и го одведе дома, во една гостинска одаја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Домаќинот како попарен скокна, го отвори прозорецот и погледна надвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Другарите се уплашија, го кренаа и го одведоа дома...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе му го доведеме на мудурот, шо знае нека му праве — му одговори Лесната и тропна на вратата за да му отвори стражарот. Му рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Алекса влезе во бакалницата од Алекса Бабовчето виде полно селани — Мариовци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од Ломски ан Јован го одведе Толета во прилепското братство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерта го најде Толе чаушот Андона во чија десетина беа потиснатите рудари и овој го одведе во една земјанка и му ги покажа двете празни места.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бравос, бре Мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку да му беше сомнителен во прво време, сепак се реши да го одведе, да му ја пренесе наредбата од војводата, за која Јован рече дека му е речено лично на Крстета да му ја пренесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште утредента Јован го одведе Толета во Аомски ан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден ден дојде Атанас кај Бешот во Полчишта и овој го одведе на она исто чешмиче на Торневата нива каде се расправи Толе со онбашијата и откаде тргна со него и Бојко Паленѕов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо има да велат: Бели пари за црни дни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се поддена разговор кој траеше неколку саати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старата Госпоѓа Беранж, нејзиното зрикаво куче ќе ѝ го земат, ќе ѝ го одведат...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Му помогнаа, незабележливо го симнаа од подиумот. И со пајтон го одведоа дома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко му најпосле, колку со молење толку и со инаетење, го одведе в град и го запиша во едно средно училиште, каде што се изучувуваа нови градски занаети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, во полициската станица доктор Миха се талкаше од шалтер до шалтер за да ја погоди канцеларијата, еден цивил го зеде под рака и го одведе во еден агол, каде што докторот притиснат до ѕид го ислуша иследникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Искуството со психоделиците го одвело Хаксли до мокши, екстракт од печурка кој служи како психоделичен сакрамент во неговиот роман Остров, како идеен проект за „идната“ психоделично- општествена култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако го одведев дома, ќе ме разбереа па и јас ќе настрадав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Дедото го одведоа неколку чекори налево, го свртеа, го оставија со грбот кон купот од земја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мора да било чудно пријателство, а со оглед на тоа што Бергман се специјализирал во сликање крави, сигурно делеле многу малку заеднички интереси.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Оди ваму, дедо, стој овде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како и да било, Дишан агилно се трудел да му го покаже на својот нов германски пријател “La vraie vie parissienne”, и дознаваме дека една вечер Дишан го одвел својот пријател во еден бордел на Пигал, кварт и ден денес прочуен по своите црвени светла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кузман не зажали многу за Пенча кога чу дека татко му го одвел со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уметникот не му ги собул веројатно затоа, што во нив сакаше да ја сочува големата симболика на неговото надворешно и внатрешно сиромаштво што заедно со ненаситната лакомост го одведе кон големото одродништво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во записот ја опишал својата судбина и го оставил аманетот, што во тој суден час и суден ден го прочитал (доведен од судбината) умниот и учен гостин од Индија, за да го одведе нашиот другар истиот ден и истиот час во палатите дедови, во одаите царски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Поведи ме, Господе, кон престолот свој, оти на мојот живот му се гледа крајот и времето да ти се придружам дојде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Налактен на масата, Савле ја мрмореше својата последна утринска молитва во колибата, оти срцето му кажа дека оној што зад него ги читаше неговите чкртаници е последниот што треба да го пречека и да го одведе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Разочаран од постапката на Гоце, со збрчкано чело, набрани веѓи и спуштен нос до муцката, тргнал кон возот што требало да го одведе во градот на неговите универзитети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беа само двајца џандари. Под нивните чекори подот во ходникот речиси потонуваше од чкртање, а тие веќе влегуваа во вратата на младиот Брат. Го одведоа, уште веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сам и суров, во петиците на една рамноправна суровост, знаејќи што треба да стори во секој од идните часови, загледан во снегот, што продолжуваше, иако посмирено, сепак да се црвенее по целата издолженост на таа длабока трага пред него, која што можеше беспогрешно да го одведе на вистинското место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко беше едно од децата и стоеше со сите разбудени ѕидари на една проѕирка и гледаше низ неа по цели ноќи, сѐ додека не дојдеше по него татко му и не го одведеше до леглото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потрагата по работа го одведе до "Металскиот завод - Тито" во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа темнина го изгуби, го одведе кон ќорсокак од кој тешко го гледаше излезот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ружа гласно го коментираше тоа. - Оваа проклета несреќа ќе нѝ го одведе Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога го виде, пргаво стана и го одведе во аголот кај оџакот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Парите на Јанчевци, за нив и за Драганка, им ги оставил татко ѝ нејзин, велеа, уште тогаш, кога го одвел Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И затоа кога во зорите, нешто посетен од трети петли, Јанческите со запалени вивки и гламни истрчаа на срецело и нададоа лелеци дека ајдутин го одвел Бошета нивни. (Велеа на измама; божем само за да го изнесе на пат за Прилеп, а оттогаш од сред полноќ, и покрај што изминало толку многу време, Бошета го немало да се врати, а за јамка дека ќе го пушти да се врати им оставил едно чупале, петгодишно и сето завиткако во коприна и во кожуви, небаре е цариче, и еден коњ, ат, ист небаре е царски.), сите, трчајќи накај срецело, велеа Ама ајдутин, ни пците, ем што се пци, не го сетија, не пак човек кој е со помали дарбини од нив за тие работи, да го сети!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додаваа: Добро се согласуваат, то ест Тахир бег и коњот добро се согласуваат/ Дека не ајдутин туку дека свети Јован Крстител го одвел Бошета, може и ден-денеска ќе се раскажуваше во Потковицата - ако во животот на Јанческите не почнеа да се случуваат некои дотогаш незамисливи промени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првото: навистина ли татко ѝ на Драганка со сила го одвел Бошета, како што кажуваа Јанческите, или пак, сам Боше, од своја волја и со Јанческа согласност отишол со него; второто: кој бил татко ѝ на Драганка, некој прочуен ајдутин, војвода, или, пак, како што рече Тахир бег Јаузоски некој богат трговец?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И зашто никој од нив не знаеше да посочи кај можел свети Јован Крстител да го одведе Бошета - Сигурно не на небо, зашто, што бара таму жив човек? - сите тие, кревајќи ја раката, велеа Натаму, од кај што нѐ угрева сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та сеедно кој, дали ајдутинот што го одвел Бошета нивни или сам свети Јован Крстител, ним им го оставил, но Јанческите мудро одговараа: Таква ни била судбината, на сам прв ден Водици да ни го отепаат татак, да ни го земат Бошета и да ни ја остават Драганка за ние да ја порастиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сето ова и поради сето она неуките и набожни души исковаа чудна приказна - дека тој што го одвел Бошета не бил обичен човек, бил светец, сам свети Јован Крстител, сам тој направил така, ги замелушил Јанческите за да не го препознаат кој е.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не го сторил тоа, не се запрел кај нив, и не го одвел Бошета нивни, и не им ги оставил коњот и чупалето дека тие, како што се зборуваше дотогаш, имале нешто одамна згрешено пред Бога, туку затоа што биле праведници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отиде по она утро кога облеков долги панталони, и сѐ можеби заради нив стана, заради тоа сокривање на моите изгребани коленици. Го одведоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но јас бев засолнет. Не од тие што го одведоа. Од многуте љубопитни жени и деца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одиме криенка, надолу. Го одведов во воденицата Јакимова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој им определи значителна помош на сите свои, колку што ги има сè уште во Жепа, и во исто време нареди да се види што им е најпотребно од градбите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сети на Босна и на селото Жепа, од каде што го одведоа кога имаше девет години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овие размислувања го одведоа до оние димензии на искуството, кои му претходат на јазичното одделување на субјектот од објектот, на умот од телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Отиде по она утро кога облеков долги панталони, и сѐ можеби заради нив стана, заради тоа сокривање на моите изгребани коленици. Го одведоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Поштарот не верува дека сум мртов, а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не од тие што го одведоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Денеска е последен ден, Трифун Трифуноски, утре е лекарски преглед, ќе го одведат, о, мајко! - се разбира, тоа беше крај и на моите сили.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чудовиштето го одведоа во полициска станица. Hugo Ball, 1886-1927.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најпосле домаќините го одведоа Бургиба во еден речиси пустински предел, каде што на една вишинка се препоставуваше дека се наоѓа гробот на Ханибал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледајќи ги татковите книги во нивниот наследен, само на места изневерен распоред, согледуваше дека го беше проширил нивното простирање до предели и народи, низ проверени, доживеани значења во животот, до кои бездруго сонуваше дека ќе го одведат книгите, верувајќи дека тие ја содржат вистинската надеж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турците не можеа да го разберат барањето на Бургиба кој дојде во 1968 година во приватна посета за да ги однесе самиот посмртните останки на Ханибал, верувајќи во својот неприкосновен меѓународен авторитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Еве го тој што би требало да го одведете, не мене!“ извика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше таму откако го втурнаа во затвореното комбе и го одведоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се обиде да мисли на О'Брајан, за кого, или кому му го пишуваше дневникот, но наместо тоа почна да мисли на нештата што ќе му се случуваат откако ќе го одведе Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Незадоволствата што произлегуваат од неговиот соголен, незадоволувачки живот, намерно се насочуваат кон надворешни цели со помош на изуми каков што е Двете минути омраза, додека размислувањата што би можеле да го одведат кон неверување или кон отпор однапред се убиени од неговата, од детство стекната, внатрешна дисциплина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Парсонс го одведоа. Уште затвореници дојдоа и заминаа таинствено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Помина многу време. Ако било полноќ кога го одведоа човекот со лице-череп, сега требаше да биде утро; ако било утро, требаше да биде попладне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако порано имаше даноци за пасишта, тревнина, десеток од свињи, десеток од пчели, па дури го имаше и оној што го закачи и него кога го одведе добичето на пасење желади, сега еве, би рекол да беше жив Бајко, сега еве, го има арачот, данокот за земја на немуслиманите, кој пак ги надминува сите поранешни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Самуил пак се спасил благодарејќи на својот син, кој храбро ги одбивал напаѓачите, а потоа го качил татка си на коњ и го одвел во утврдениот град Прилеп.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Човек никогаш не знае каде ќе го одведат животните патишта.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија го одведе до влезот на хотелот. Му подаде рака на разделба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Липаше долго, јачкаше сè дури мајка му не го крена и не го одведе дома.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но тој беше на дванаесет години кога го одведоа и потурчија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајде, ајде, моме Стојне, да бегаме! Аман, моме Стојне, да бегаме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Од година на година се повеќе ги има...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе помине. Нека го одведе Рајна кај Матковица. Таа се разбира во тие работи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Татко, крај збунетиот најстар син, мирно очекуваше суријата луѓе, втурната во нашиот дом, да го одведат пора­ди најдената слика на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А еден од другарите што го одведоа ни рече дека сите народни непријатели ќе ги снајде она што го снајде Симо Чардаклија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Дојдоа луѓето и го одведоа“. Кога го рекол ова градскот човек почнал да се смее.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- прекина, тешко си ја голтна плунката што му застана во грлото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас би го одвел и во болниците, и во Сук... и секаде каде што имаме логори со бегалци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Два дена по Митровден дома дојдоа од асфалијата (полицијата) и го одведоа тате во Костур.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така, го одведоа Зоки во амбулантата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но еден ден Лидија го одведе Зоки во својата градинка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мама го одведе Зоки во зоолошката градина. Зашто тој веќе треба да научи како се викаат некои животни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Многупати лично ќе го одведе кај готвачот, ќе побара да му даде нешто што останало во лонецот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
За власта долго време беше само дилер и наркоман кој во пијана состојба си ја убил жена си и родениот син го одвел во смрт од дрога.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Него, потоа судбината го одведе кон Франција, каде што преживува со своето семејство и е еден од малобројните преживеани на сефардскиот солунски универзум кој страдаше речиси целосно во времето на фашизмот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- А зошто, бре Кузе, го одведоа и каде?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И - продолжи Кузе - тие од горе рекоа дека со тоа се покажа дека е народен непријател и затоа народната власт го одведе Ѓорѓи во народниот затвор во Преспа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама пред да го одведат народните одмаздници, пред очи на гладните дечиња му ја заклале козичката, го пратија во Отешево - за казна - камен да крши, со игла да го мери, а јас, будалиот, како што сте вие сега, кои мислите како што мислите, со шмајзерот вперен во неговиот тил, го терав посилно да удира со барјето - 12 кила тешко, и му бранев да гледа долу кон езерскиот брег, каде се мезеше народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што?! Кој го одведе, бре Кузе?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сослушувањето заврши. Го одведоа во одајата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеш, денес Ѓорѓи го одведоа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нивната мисија се состоела во тоа да го одведат субјектот до „жртвениот механизам каде што секој постанува жртва на принудната конверзија, диктирана од сталинистичката идеологија.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го одведоа и татка, и стрика, и деда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го одведоа во топлиот мравјалник и го нахранија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)