Може ли поетот, откако ја запишал (или напишал) песната, да ја остави меѓу своите ракописи, да го одлага, свесно и потсвесно, речиси да го одбегнува, со години, навраќањето на неа, повторното читање нејзино, допишувањето?
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Требаше веднаш да го прашам тато или тетка Рајна за која жена татко ми мисли да се жени, зошто го одлагам тоа?
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тие ме освежуваа, го одлагаа сонот, ако воопшто ноќва се појави.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но не беше така. Го одлагаше спиењето и одморот дури не му паднеа клепките.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се отпетлувам полека, го одлагам играњето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Свесно го одлагаше одењето на преглед кај гинеколог.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не смее тоа веќе да го одлага.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Додека стоевме во тремот дури одбегнуваше да праша каде лежи; во која просторија е сместена?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако не беше така веројатно немаше да си го поставам прашањето: зошто Даскалов го одлага моментот на средбата со мајка ми?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Прво побара работа во неговото училиште па во другите, но никаде не го примаа или пак му го одлагаа одговорот додека тој не сфатеше дека е негативен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие денови, постојано го одлагав одговорот на едно од мајкините писма, за сметка на овие дипломатски депеши, кои имаа миговно значење, како обичен воден цвет, кои еден ден ќе завршат во архивските гробници Во моите очи оживуваше мајкиниот ракопис, видливо неизменет уште од првите урнеци на првите учители кај француските лазаристи во Солун.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во врска со инспекцискиот надзор од областа на заштитата при работа, во ЗБЗР ја нема одредбата според која жалбата на работодавачот по решението на инспекторот на трудот не го одлага извршувањето на решението, освен кога се работи за случаи кои се однесуваат на повреда на закон или друг пропис за заштита при работа и на колективен договор и договор за работа со кои се уредуваат правата и обврските од областа на заштитата при работа, или ако утврдената повреда на прописите за заштита при работа претставува недостаток за чие отстранување се потребни посебни инвестициони вложувања, а при тоа животот и здравјето на работниците не се непосредно загро- зени (чл. 55, ЗЗР и чл. 50, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И додека се радувам на прилив од сопственото богатство на романтични мисли, дисторзија на времето, го одлагаше крадешкото престигнување на ѕвездата Деница...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)