Удира со копачката по него и го одлепува од ѕидот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој можеше да подгледнува само со едното око, оти, до колку би се мрднал, би ѝ го одлепил „чудотворното јаболченце“.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Театарот, во такви услови, дефинитивно ќе се ослободи од оние што го спречуваат, како што вели еден театролог, да ја најде енергијата што ќе го одлепи од досадното и ефтиното, од времето во кое ласкавото и празното собираат толпа од луѓе кои се убедени дека тоа е она што треба да го доживеат во театарот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Нежниот сопран на мајкиниот повик го одлепува детето од ногата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)