Ќе расте ќе порасне; Илко ќе го ожени или омажи и живот со него ќе живее.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го оженив. Така вака ќе се приврзе кон жената.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Решиле родителите да го оженат, но ниедна не го сакала од селото. Нашле некоја од некое подалечно место.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Еда мој го оженивме неделата пред Петровден со Мара на Благоја Лозненов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Едно време баба ми се разболе, но сепак доживеа чичко ми Павле да го ожени. Тој беше само девет месеци постар од брат ми Блажо.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мислеше дека тој не знае да си избере, па го ожени со девојка од друго село, што брат ми ја имаше видено само еднаш.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како добар, селаните му згрмадија една куќарка и го оженија за едно девојче сираче.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кога наполни осумнаесет години, мајка му го ожени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)