Паметам колку се израдувавме и колкава среќа ѝ го озари лицето на тетка ми Боса.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Исто така паметам оти тој ден ручавме под лозницата во дворот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Чудна радост ѝ го озари лицето, како одвај да чекала да напои жеден човек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кратка насмевка му болсна на усните, му го озари лицето, нешто спасоносно му заигра, со некаква чудна среќа ме успокои: - Биди си спокоен, Леме, твојот пријател здрав и жив ќе ти се врати, - па потоа од куферчето што беше полно со творби измолкна една тетратка испишана со стихови, исцртана со цвеќиња, ѕвезди и знамиња, па ми ја подаде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Лицето ѝ го озари изразот што ја красеше кога бевме сите заедно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)