Во името на Господа Бога, наречен Бог Израилев, си насобра злато како бакар и го умножи среброто како олово; но потоа телото твое на жени го даде, со телото твое роб нивни стана; врз славата твоја дамка стави, го оскверни родот свој: навлече гнев на породот свој.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Та единствениот празник во сето она негово глуво чекање беше мислата дека го имаше спасено токму тој малечок живот и тој сега, последната негова утрина во Белата Долина, во оваа дивина наоколу, никако не можеше ни да помисли да го оскверни тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како да искажам, запишам - а да не го осквернавам волшепството на сонот за Моликата Пелистерска?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)