Во 1348 година Карло Четврти го основал првиот универзитет во Средна Европа... Ете и тоа е Прага...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По извесно време Евмолпием се вратил во родното место на брегот на Марица и го основал градот со име Евмолпиад.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Така се вика нивниот клуб што го основаа со цел да ги побиваат моите непобитни тврдења.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Располагајќи со големи суми пари, тој го основал во странство весникот “Л’ Еффорт“, кој, уредуван од Симеон Радев, изиграл, покрај другото, голема улога во популаризирањето името на Сарафов како “водач“ на македонското движење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некаде на своето пропатување др. Лири се запознал со Вилијам Гибсон (William Gibson), писател на научна фантастика, комушто му се припишува дека го основал сајберпанк (cyberpunk) движењето.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сетете се, на пример, на „Сидашката Барби на Малибу во нов хоспис од соништата“, графиката на задната корица од деветтиот број на Вести на заразениот изопштеник, списанието што го основаа Том Ширер (кој умре во 1991 година) и Беовулф Торн, познат и како Џек Хенри Фостер (кој умре во 1999 година).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секој што е оштетен со акт на корупција има право да бара надоместок на штета [вистин- ска штета и изгубена добивка] според принципите на солидарна одговорност од сторителот на делото, квалификувано како дело на корупција со правосилна судска одлука, како и од органот или јавното претпријатие и друго правно лице што располага со државен капитал, во кое тоа лице ја вршело својата функција или должност во времето на извршувањето на делото (чл. 46, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Избран или именуван функционер, како и друго службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал не може, во вршењето на својата функција, односно служба, да воспостави деловни односи со правно лице што го основал тој или член на неговото семејство, или во кое одговорното лице е член на неговото семејство, а доколку деловните односи се воспоставени од порано, е должно да се изземе од какво и да било одлучување и за тоа да ја извести Државната комисија (чл. 22, ст.1 од ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)