Зашто започне ли неверството
саможивата фатаморгана
отцепувањето на душата од обликот
го отне ли меморијата својот демонски вртлог
во тебе можеби ќе се пресели, божем привид
птицата која се успива врз крстот на бескрајот
далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува
како за живот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Го отна чепот како да активира мина и му го подаде бинлакот на Геро, не да му припука во рацете колку да го вкуси на устињето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Силјан дошол на амварче и си го отнал црпчето, да си се потурил и ете ти го човек како што си бил дома у себеси при татко и мајка, при жена и дете.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А покрај грдите зборови што ги расфрлала околу себе, на смртта слабост ѝ било да го отне и поројот на болките објавувајќи го со тој гест своето владеење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Силјан дошол на амбарче и си го отнал црпчето, та си се потурил и ете ти го чоек, како што си бил дома у себе си при татко и мајка, при жена и дете.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влези, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапајца, била уште баба марта, та домашните си седеле крај огон и си се греале.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ја запаметив и реченицата дека смртта знае да се расфрла со пораки што треба да ни го стегнат срцето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)