го (зам.) - пишува (гл.)

На полномошното го пишуваше името и презимето на човекот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Покрај овие три наративи, назначено е и присуството на уште два текста чие постоење само имплицитно се навестува: едниот се документи од архива, хроники на Маказар кои ги толкува локалниот историчар Владе, другиот е истражување на тема психологија на масата којшто во рамки на политиколошките студии го пишува Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како ова да го пишува човек кој, ако не успеал да го воспостави таквиот склад во секојдневниот живот, секако си го поставил во редот на своите вредности и се стремел да го оствари!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Господе, колку убаво е напишано! Секогаш сакав да го видам тоа што го пишува, уште неизлезено од машината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Обично ова го пишувам навечер и ме фаќа еден до два часот по полноќ, па после не можам да заспијам до сабајле.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Понекогаш можеби и го фрла скришно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
(Патешествијата на Кривошееви и на многу други фамилии раселени од огништата во Грција до болка се раскажани во романите на Ташко Георгиевски... во Плочата на животот е објавено и писмото што дедо ми Борис од Ташкент и го пишувал на баба ми кога таа со неговите три сина живеела во Гаково).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Близу до Лајпциг се наоѓа Вајмар, а тој е познат по Гете. Но, и Лајпциг се гордее со Гете и секој во овој град, како знаменитост, ја покажува кафеаната каде што Гете пиел вино и го пишувал „Фауст“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стрипот кој Гронинг продолжува да го пишува и црта, денес може да се најде во неделните и алтернативните весници во секој поголем град во Америка, а и колекции со неговите работи веќе можат да се најдат во книжарниците.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Драги другари, Писмово го пишувам набрзина и несредено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога го убиле Троцки за’ржале сите коњи, кобили и ждребици на црвената коњица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја мајката, и тоа да не го пишува на внатрешната страна на ѕидот на лотката од стар весник?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Лебот — вели Андон — не ти го пишува фурнаџијата што ќе му помогнеш на другарите да го растребите тунелот, а ако втасате побргу, може и да дупнете по некоја дупка и друга. Барут има кај другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во текот на четири години, од 1928-та до 1931-та, главно ноќе, го пишува романот кој изврши огромно влијание врз современата литература: Патување на крајот на ноќта (1932).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Лично според она што го пишува неговите симпатии биле на страна на македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Парацелзус го пишува Labyrinthus medicorum, а 1627- та Хенри Кинг ја објавува песната чиј дел е: “The crooked labyrinth is life, it is athough sin”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Наведуваме само неколку карактеристични наслови: 1614-та, Соломон де Каус го пишува делото Perspective avec la raison des ombres at des miroirs, а Франсоа Ницерон 1638-та делото Perspective curieuse кое го нарекува “вештачка магија со чудесни ефекти”. 1642-та во Болоња излегува Apiaria на Марио Бетини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сигурно го пишува својот дневник...“ си мислеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од самиот почеток на филмот гледаме двајца Просперовци, обајцата ги игра Гилгуд - едниот којшто го пишува текстот на драмата што ја гледаме и вториот којшто учествува во дејствието. (Сосема спротивно, Ариел го играат четворица актери на различна возраст.) Сценографијата, архитектонски каприци во духот на Hubert Robert и Ledoux, содржи колонадни атриуми, засводени премини, обелисци, пирамиди, дури и прецизна копија на Микеланџеловото скалило од Лоренцовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Една од најпровокативните личности на светската интелектуална сцена, за почеток ја имате во Маргина (почнуваме со едно многу пикантно делче од “Прозирноста на злото” кое на многумина ќе им ја подигне температурата; потоа, во избор и во фин, мек превод на Деспина Ангеловска следува спуштање со Кул Меморис; третиот есеј е од трета книга, “Симулации и симулакруми”, и веќе, во скратена форма, пред неколку години, беше објавен во “Студентски збор”, со уредничка ограда дека тоа што таму го пишува не се однесува на нашиот универзитет; го објавуваме пак поради слатката можност да речеме дека токму се однесува на нашиот беден универзитет); во следниот број (можеби!) тематот за Бодријар продолжува, а доколку имаме среќа, наскоро ќе бидат и неговите први книги на македонски...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
(Земјата. Родот. Имињата на убијците на слободата. Но и на оние кои нѐ научија како да го пишуваме нејзиното име).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој процес го претставува нивното најрано и најобликувачко искуство како приматели и субјекти на културата. (Импликациите од ова повеќе ќе ги испитаме во поглавје 16). ‌Ете зошто одбивам да си го ограничам приказот за машката геј-култура на некоја далечна епоха, на некоја историска доба што е начисто и вистински свршена – макар и од пред само некоја минутка, во зависност од тоа кој го пишува опелото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што го чув од читателите беше охрабрувачко, иако најчестиот коментар беше: „Се гледа дека го пишувал поет“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Влегов во пештерата и стреперен го прочитав писанието: „Ова го пишува треперливата рака на богобојажливиот, чистодушен Стефан, од древнего градашт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
VII. Еве веќе со саати го пишува писмово, си помисли, а мислите му се немирни како и снежнава виулица што веќе на големо вее надвор – де надоаѓаат со грстови, де се оддалечуваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во весникот кој објави за нелегалниот престој на Вендерс во САД за време на снимањето на „Париз-Тексас“, го пишува и ова: „Вендерс пред своите обожуватели призна дека нелегално го снимил филмот!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека ова го пишувам, надвор паѓа снег.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И за мене, сѐ до мигов, кога го пишувам писмово, остана нерешена енигма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подоцна тој и Пеце Цветановски продолжија да го пишуваат филтерот и така го живееја речиси две години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Тоа го пишуваше Флорин Богданоски, вели Николе Валавичарот, оти негова е ливадана. Сега не се инаетеше толку за гајдата, вели, дури и на Бугарите им посвире. 205
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Оти ова писмо сум ти го пишувал јас, вели, од фронтот уште, а еве дури сега стасува. Ебати поштите, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лука, Бидејќи не само што пишува, туку сака да премине и на другата страна и да го чита она што другите го пишуваат, Лука понекогаш е изненаден колку всушност му е тешко да разбере некои работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Единствено во самотија можат да се смират ветриштата и бурите, т.е. внатрешните борби на духот. 91 Belle Haleine Третиот псевдоним на Duchamp, Belle Haleine, се појави 1921, една година по Rrose Selavy (1920, Duchamp Rose го пишуваше со едно р.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лука го гледа зборот примател на својата дланка, неосетно го погалува по крзното и го враќа во неговите магловите сфери; не дава тој ни пет пари за примателот бидејќи го има на дофат на раката, овој го пишува она што тој го чита и го чита она што тој го пишува, што има тука да се лажеме. 67
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од средината на наредната година ќе почне да го пишува двојното р).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој човек што може да го носи името на кој и да било наш познајник можеби знае уште една тајна: Рубина Фаин под се почесто повторниот знак Post scriptum го пишува и потаму своето писмо до Едвард Жорес за судбината на малите земји и за луѓето во нив, оние луѓе на кои исто колку и на големите им припаѓа земјата и источниот изгрев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го пишував писмото со расположба која можеше да биде на Мајка природно туѓа, ми идеше некаков восхит кој растеше од моите прикриени амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Необично беше тоа што, додека го пишуваше тоа, во главата му се разбистри едно сосем поинакво сеќавање, до таа мера што се почувствува речиси способен да го напише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти и самиот предвидуваше дека токму тоа ќе го пишува. Сето тоа е глупост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За кого, му падна ненадејно на ум да се запраша, го пишува тој својот дневник? За иднината, за неродените.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одново се запраша за кого го пишува дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дури и кога го пишуваш, ти и понатаму размислуваш на Староговорот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се обиде да мисли на О'Брајан, за кого, или кому му го пишуваше дневникот, но наместо тоа почна да мисли на нештата што ќе му се случуваат откако ќе го одведе Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој го пишуваше дневникот за О'Брајан: тоа беше како некое бесконечно писмо кое никој никогаш нема да го прочита, но кое беше адресирано на една одредена личност и кое добиваше тежина од тој факт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За Авни, во миговите додека го пишуваше писмото до Сања, за да ѝ каже дека ја сака и дека секогаш ќе ја сака, беше сосема јасно оти влетал како граблива птица во час на вознес на еден посебен свет за кој не може да тврди разумски, но за кој во неговите гради се собираше клопче со разнобојни конци од чувства изврзани за тоа суштество што под неговата сила истовремено испушташе глас на зрела жена што раѓа и глас на штотуку родено дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чест ми е што можам да ти ја подарам. Верата не е важна, важно е она што го пишува внатре.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рече дека нејзе ѝ се сторило дека тоа не е прашање само на моментот, на провокација од разговорот што го воделе поттикнат од темата на есејот што таа сакала да го пишува, а која се однесувала на природата и на екологијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По многу нешта се гледа дека листот долго време стоело врз масата, примило разни дамки од некакви шејови што се пренесувале врз него, а и ракописот не тече како кога се пишува одеднаш, туку големината на буквите ту се намалува, ту се зголемува, чиниш го пишувале дватримина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Големи беа шансите на Набоков да стане француски писател. во време на прославувањето на сто годишницата од смртта на Пушкин, Набоков пишува веќе на француски статија „Пушкин или Вистината и имитација на Вистината“, а во 1939 го пишува пак на француски расказот „Мадмоазел“, кој подоцна ќе стане една глава од книгата на неговите мемоари.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако братот ја забележа книгата, ја праша Мајка: – Вистина ли е, Мајко, тоа што го пишува брат ми за тебе во книгата? – Вистина е, вистина е, сине, ама малку ја разубавил вистината!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„тигарот“ го пишувам со истиот црвен фломастер со кој и го прибележав мојот телефонски број на топлата дланка на девојчето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Чекав да се јавиш до 23 часот. За жал не дојде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Седам покрај распалените цепеници и, додека другите војници од водот дремат покрај оганот, јас на светлината од растреперениот пламен со вкочанета рака ти го пишува писмово.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А да. Ова што го пишуваше за „Таа“, за тој твој Алис, не е баш толку лошо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И, да знаете, тоа беше тогаш кога Зоки Поки научи да си го пишува името.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Слично, Кант прави разлика помеѓу самото нешто (Ding an sich) и феноменалниот 78 Margina #11-12 [1994] | okno.mk свет велејќи дека, никогаш не сме во состојба да го спознаеме првото, па затоа вториот би требало да го прифатиме како реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа тенденција кон она што може да се нарече репрезентационализам е типична и за Дерида во неговото прочуено тврдење дека “не постои ништо вон текстот”.24 Не правејќи разлика помеѓу знакот и означеното, она што тој го пишува не се однесува на нештата вон текстот или јазикот туку само за самиот текст и јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бог сѐ уште игра значајна философска ролја во Декартовата, Спинозината, Лајбницовата и Берклиевата философија, но неговата улога е многу помала во Локовата, Хјумовата и Кантовата философија, кои се сосредоточени околу способностите и склоностите на човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова што го пишувам е почувствување на нешто што постоело и ке постои по мене и по сите нас, а тоа е душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова го пишувам јас. Ова е под моја контрола. Јас го предодредувам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А тоа било време кога им било забрането на својот јазик да ја искажуваат болката и жалта кон умрените и на умрените на крст да им го пишуваат нивното родовско презиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вреди ли уште да пребарувам по тоа што сум го пишувал или да останам рамнодушен на провокациите, кои бездруго беа поврзани како во верижно коло со други, трети прашања, кои неизоставно ќе ми бидат поставени во текот на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
1922. Со Маседонио Фернандез, Едвард Гонзалес Ланус и други млади писатели ултраисти го придвижува списанието Proa.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1923. Ја објавува првата книга поезија, Воодушевување од Буенос Аирес, и повторно со семејството заминува во Лондон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Луѓето што го пишуваат програмот се во Берлин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека се опоравува го пишува Пјер Менар, писателот на Дон Кихот. 1939.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа вели, “Имаат некои гадни срања овде”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност ова почнува во Како ја запаливме Хрома. Од таму дојде тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Адолфо Биој Касарес се жени со Силвина Окампо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го основа ѕидниот весник Prizma. Го пишува „Манифестот на ултраистите“ објавен во списанието Nosotros.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се појавува првиот француски превод на едно Борхесово дело. 1940.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почнува да го чувствува влијанието на Маседонио Фернандес, татковиот пријател, поет и раскажувач, кој негува еден парадоксален хумор налик на Алфред Жари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес им е okno.mk | Margina #32-33 [1996] 224 венчан кум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вечерта решив да ја потсетам мајка ми за романот што ми вети дека ќе го пишува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе сторев во тој миг и многу пострашни и понепријатни нешта, само и само мајка ми да почне да го пишува романот. Ама, таа...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да не мисли таа моја мајка својот роман за деца да го пишува како тој Макаренко? - се исплашив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Наместо да губи време кај тетка Маја, - си помислив, - би можела веќе еднаш да почне да го пишува романот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кои се тиа што ќе го пишуваат?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„А што е тоа што го пишуваш сега. Љубопитна сум“, пак по телефон го прашува Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секако ќе ми помогнат, особено за романот што го пишувам (Несреќни луѓе, пракоренот на Црно семе).
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така и правев, мила сестро. Прв пат ми се враќа и не ми е мака, туку срцето ми е полно со радост, белки е вистина ова што го пишува на пакетот: ослободен !
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Цела ноќ да го пишуваме, да го препишуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така го пишуваа: Небеска-Ксантос. Мое име, а негово презиме... Нејсе...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)