Си помислија дека таму, во затворот му се случило нешто на Ѓорета, штом Атанас толку силно го плачеше, или дека му се случило нешто, лошо, на некого од Ѓоревите тука, во Поктовицата, или, пак, дека нешто лошо му се случило лично нему, на Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас мамето го плачам. На ѓаоло дупката знам кај му е. Затоа слушај!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Отиде насамо да го плаче татка си, со лутина одговори Кузман и му се заврте на неканетиот гостин: - А ти плачеш ли по татко ти?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа си знае дека смртта знае да бапне одненадеж, тоа уште има чуено дека не е препорачливо да се читаат весници пред умирање, тивко си ја потпевнува интернационалата и им го плаче мајчето на фалсификаторите на историјата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Кога дедото Богдан ја донесе тажната новина за неговото пленување, Анѓа беше малечка, на осум години, но цела година го плачеше и жалеше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А кога стигнаа во дворот, на прагот на куќата нивна, ги најдоа мајка му Илинка, браќата и деда му Блажета, тихи и скукалени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Си велам не го личи сонот со император плачипутка со опроштение Дај сврти некаков друг сон похеројски и повесел сон Ама врти сучи Цезар сал туку ќе заплачеше Баш кога не очекуваш тогаш ќе заплачеше Дури најнакрај не се разбра дека цело време Цезар си го плаче претсказанието Оти само тој знаеше дека му истекува рокот на Или Цезар или никој
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)