Погледот му го плени и прастариот чинар, со раскошна круна, засаден уште во почетоците на Отоманската Империја на Балканот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Прага и го пленува и збунува, особено новодојдениот, кој за да го разгледа „златниот град“ не знае од каде да почне, зашто било од каде тоа да го стори нема да згреши.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А мене во мигот ми го плени погледот голема колона мравки кои во организирана права линија се движеа низ телото на едно камено божество.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Погледот во мигот ми го плени парче од синиот дел на витражот на некогашната скадарска катедрала.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
VI Прв чекор во родната земја. Погледот го плени мамутскиот мозаик портрет на Сталин на блискиот рид.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Погледот ми го плени главата на еден бункер која беше излезена од морето, а врз неа беше застанат бел галеб.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И го освои, го плени сосема логотетот со лажната скромност и смерност своја, и стана мир во семејството наше, но мене пречувства црни ми ја кинеа душата, оти дотогаш не бев видел случај таков: рака што била десна сама да се постави на левата страна од телото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Хрисостом на грчки значи Златоуст”. „Во вашиот германски не се чувствува ни трага од грчкиот”, му рече есесовецот. „Во изговорот, можеби.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И со овој настап владиката го плени Греманецот кој падна под споменатите зборови на митрополитот изговорени на совршен германски. „Убаво сте се сместиле тука”, му рече Хрисостом на есесовецот, во исказ во кој војникот не ја препозна суптиланата иронија на владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Станувало збор за непознато девојче што го пленило моето срце.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе. – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така него го воспитуваа десет години, и тој си достоја на дадениот збор во конакот на прилепскиот кадија пред самиот себе дека се ќе слуша што ќе го учат и ќе прави што ќе го тераат, само и само да остане голем човек-кадија, баш на местото на оној што го плени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Да оди Стојан да ја бара, си помислуваа Трајко и Велика, но веднаш се сретнуваа со мислата дека и него можат да го фатат и да го пленат, та и таа болка им се чинеше не помала од онаа за Анѓа, Ангелета и Јована.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога ја виделе ка(л)угерите војската, се уплашиле, да не би идат да го пленат манастирот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се налутила царицата и сите каугери 'и заклала, како јагниња во црквата стреде, и си ошла, од кај што дошла.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Особено го плени една стара литографија на која убаво се гледаше како бела санска коза дои лавче!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, речиси од сите позиции, погледот секогаш ни го пленеше големиот плоштад.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го пленеше макетата на патот на јагулите, двете одбрани големи препарирани јагули.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Остана верен на обичајот, кога го плени нова идеја според неа да го смени и распоредот на книги во библиотеката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко посебно го плени Игоровото кажување за вечниот континуитет на животот во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сега посебно место во библиотеката заземаше книгата на Аристотел за животните, во која најмногу го пленеше студијата за јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Глатка кожа, храбар изглед без дрскост, отворено лице - сето тоа го пленува раководството, особено ако градоначалникот стои со корпусот подаден напред, како во полет.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Освен тоа, тоа извршува многубројни услуги, а најбитната од нив е довербата на раководството.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
5. Избери си случајно, неколку автори, научи им ги имињата, замисли дека еден од нив те плени тебе со својата убавина како што Дон Кихот си замисли дека Дулчинеја го плени, а очи не ѝ виде.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Нема никаква слава да му се смееш на Антирихардсон, тоа значи да го тепаш веќе паднатиот: и без тебе целиот свет знае дека тоа е никаков писател, но ако му се смееш на Ломоносов или, штом го посетиш театарот, ги навредуваш славната Лесаж и Делпи, тогаш со тоа даваш знак на надмоќ на твојот вкус, што ниту со толку великите таленти не може да биде задоволен.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)