Слушајќи го тоа нешто сиромајио, се позамислил и ватил да кара и го погани џигеро што ќе му го дадат, ама шепотејќи да не го чујат чорбаџијата и чорбаџиката.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Секоја вечер, коа си идело момчето од чаршија, сѐ ќе се допрашало момчето до старио за некој работи што видел и чул дента и сѐ нешто ќе се понаучело момчето од старио си татко.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кој е тој што ги гази моите свети закони и го погани светото пророково име.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Те молам, синко, поризај ме уште сега и крени ме да ме однесиш погоре.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)